Папата се сретна со деца кои имаат Ретов синдром

Пред Генералната аудиенција во среда 27 ноември, во сала Павле VI во Ватикан, се одржа возбудлива средба, во знак на верата и молитвата. Папата Фрањо се сретна со група деца, болни од Ретов синдром, придружувани од нивните родители. Ретовиот синдромот е невродегенеративна болест кој се појавува претежно кај девојчињата.

Светиот Отец ги прегрна и ги помилува сите присутни деца, со што ја посведочи својата љубов кон нив. Средбата, започна со благослов и молитва кон Дева Марија и помина во пријатна атмосфера и за самите родителите на децата.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот