Папата се сретна со Генаралните поглаварки на женските монашки заедници

Ватикан 9.5.2013 /к.мк/ – Во салата Павле VI во Ватикан папата Фрањо на 8 мај прими повеќе од 800 монахињи. Се работи за учеснички на Генералното собрание на меѓународната унија на генералните поглаварки на женските монашки заедници кои во изминативе денови се одржуваше во Рим на тема „Службата на авторитетот во склад со Евангелието“, јавува Радио Ватикан.

Папата меѓу останатото го протолкува значењето на заветите во монашкиот живот, а во поглед на послушноста истакна дека тоа всушност е слушање на Божјата воља, со внатрешен поттик на Светиот Дух потврдена од Црквата, што значи дека послушноста поминува и преку човечко посредништво секогаш преку Црквата.

Послушноста е надминување на секој егоизам со логиката на евангелието, а тоа значи во потполна доверба во Божјата провидност, истакна Папата. Притоа треба да се мисли дека никакви средства не го градат Царството Божјо, туку само благодатта Господова, која делува и преку нашата слабост. Сиромаштвото не учи на солидарност, подавање и љубов која се изразува и со сериозност, но и со радост, немајќи никакви идоли. Освен тоа не е доволно теоретско, туку практично сиромаштво со сиромасите, понизните, болните, децата – рече Папата.

Поврзано со ова Светиот Отец истакна дека секоја монахиња мора да биде како Марија и како Црквата, а тоа значи плодна со духовна плодност навестувајќи го идниот свет со зрела афективност. И како што Марија не може да се замисли, ниту Црквата без мајчинство, така и монахињата не може да се замисли без таа духовна плодност за раст на Царството Божјо.

Потоа Папата истакна дека секоја власт во Црквата е служење и тоа по примерот на Исус. Тие кои имаат власт управуваат со народите, но така нека не биде меѓу вас, туку оној што сака да биде прв, на сите нека им биде слуга. Колку неволји и донесуваат на Црквата кариеристите, кои се служат со другите како со отскокна даска за своите интереси, наместо тие да служат. Затоа треба авторитетот да се соедини со љубов, следење, разбирање, помош, прегрнувајќи ги сите, посебно оние кои се чувствуваат осамени, исклучени, мрзеливи. Да погледнеме во крстот каде Исус е слуга на сите, таму е секој црковен авторитет – поттикна Светиот Отец. (СиМ)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<