Папата се осврна на посетата на бегалците

„Видов многу болка“ – рече папата Фрањо по молитвата Небесна царице на плоштадот Свети Петар, ооврнувајќи се на посетата на бегалците на грчкиот остров Лезбос. Исто така изрази солидарност со жртвите од земјотресот во Еквадот и Јапонија.

Посебна средба и приказната на еден бегалец

Првата работа која Светиот Отец ја сподели со мноштвото по пладневната молитва беше искуството од еднодвената посета на бегалците во Грција. Рече дека во кампот видел многу деца од кои некои му посведочиле за смртта на сопствените родители и пријатели.

„Видов многу болка! И сакам да раскажам еден посебен случај на едно момче, нема уште 40 години. Го сретнав вчера со неговите две деца. Тој е муслиман и ми раскажа дека бил оженет за девојка христијанка. Се сакале и меѓусебно се почитувале. Но, за жал била заклана од терористите затоа што не сакала да се одрече од Христос и да ја напушти својата вера. Таа е маченица“ – рече Папата.

„Млади ве повикува ли Господ“

Потоа изрази близина со жртвите од земјотресот во Еквадор и Јапонија и повика Божја помош и сила за сите погодени. Покрај тоа потсети дека денес се одбележува Светскиот ден на молитвата за духовни звања подравувајќи ги 11-те нови свештеници кои утрото лично ги ракоположи во Ватиканската базилика. Се обрати и на младите на плоштадот: „Размислете, ве повикува ли Господ за посветен живот во неговата служба, без разлика дали во свештенството или во посветениот живот.“ Светиот Отец изрази близина со семејствата кои ги погодува проблемот на невработеноста.

Слушање на пастирот со срцето

Во наговорот пред молитватаНебесна царице, Папата истакна дека денешниот евангелски дел го преставува Исус како „Добриот Пастир“ кој вели „Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене.“ Тие зборови ни помагаат да сфатиме – нагласи Папата– дека никој не може да се нарече Исусов следбеник ако не го слуша неговиот глас. Тоа „слушање“ не треба да се сфати на површен начин – не се работи само за слушање со уво, туку и со срце.

Сликата на пастирот и овците го покажува блискиот однос кој Исус сака да го има со секој од нас: тој е наш водач, наш учител, наш пријател, наш пример, но пред сè наш Спасител. Исусовото зборови „Јас и Отецот смеедно“ ни го соопштуваат чувството на апсолутна сигурност и неизмерна нежност. Нашиот живот во потполност е сигурен во Исусовите и рацете на Отецот кои се едно. Таинството на животот кој ни го дарува се обновува на евхаристиската трпеза каде овците стануваат едно со добриот пастир.

Божјата љубов е непобедлива

„Заради тоа повеќе не се плашиме: нашиот живот веќе е спасен од пропаст. Ништо и никој не може да нè грабне од Исусовите раце, затоа што ништо и никој не може да ја надвладее неговата љубов. Исусовата љубов е непобедлива! Злото, големиот непријател на Бог и на неговите созданија се обидува на многу начини да нè оддели од вечниот живот. Но, злото не може ништо ако не му ја отвориме вратата на сопствените души, поведувајќи се по неговите измамнички ласкања“ – истакна папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот