По молитвата Ангел Господов папата Фрањо упати апел за постигнување договор во Венецуела
На крајот од пладневната молитва Ангел Господов на 14 јули 2019 година Светиот Отец уште еднаш ја искажа својата близина до саканиот венецуелски народ, кој посебно е во искушение со кризата која уште трае. Да го молиме Господ да ги вдахнови и просветли страните кои се вклучени, како би се постигнал договор што побрзу, како би се запреле страдањата на народот, а за добро на земјата и целото подрачје – рече Папата на крајот и срдечно ги поздрави сите верници поклоници.
Ватикан њуз/к.мк