Марк Валберг и Мел Гибсон снимаат филм за амерканскиот свештеник кој „поминал сѐ“

Марк Валберг и Мел Гибсон снимаат филм за амерканскиот свештеник кој „поминал сѐ“

Бил неуморен во службата, а Господ му дал многу прекрасни дарови давање совети и делење на светите Тајни. Бил неуморен, иако бил ограничен во работата“, раскажува за дон Стјуарт Лонг неговиот брат во свештенството дон Барт Толесон.

Марк Валберг и Мел Гибсон снимаат филм за покојниот дон Стјуарт Лонг американски свештеник, кој има необичниот живот, а пред да стане свештеник се занимавал со бокс, глума, работа во ноќен клуб и водење музеј.

Датумот на објавата на филмот кој уште е во продукција сѐ уште е непознат, но се знае дека дон Стјуарт го глуми Валберг, додека неговиот татко го игра Гибсон.

Валберг започнал да работи на филмот од 2016 година, две години по смртта на свештеникот, но работата на филмот била запрена на некое време се додека Валберг не можел да ја обезбеди Росалинда Рос како сценаристка пишува CNA.

Дон Барт Толесон свештеник на бискупијата Хелена во која служел и Стјуарт Лонг вели дека фимот е „заснован на вистинска приказна.“ (…)

Дон Стјуарт студриал ба католички универзитет Карол Колег. но не останал запаметен по грижливата работа, туку по расправиите со професорите и прекинувањето на наставата.

„Неговото преобраќање е феноменално, од агностик кој предизвикувал неволји до мистична средба со Бог“, раскажува дон Толесон.

Стјуарт за време на студиите се занимавал со американски фудбал, а подоцна се посветил на боксот каде постигнал одреден професионален успех. После една борба го остава боксот и заминува во Лос Анџелес да се посвети на кариерата како актер.

Покрај глумата паралелно работел и во ноќен клуб, но ниту во таа кариера долго не се задржал па отишол да работи како менаџер во Музејот Нортон Симон во градот Пасадени каде поминал седум години.

Еден ден додека се возел на својот мотор за на работа го удира автомобил и го фрла врз возилото кое било пред него. „Сведоците му рекоа на шефот и на репортерите дека сум се тркалал низ улицата кога другиот автомобил поминал преку мене. И еве ме сега овде,“ раскажува дон Стјуарт во едно интервју.

Додека бил во болница го доживеал она што го нарекол „верско искуство“. По враќањето дома кажал на тогашната девојка дека сака да ги прими светите Тајни, а на самиот ден на крштението бил уверен дека ќе стане свештеник.

Во богословија влегол во 2003 година, а во текот на подготовката за свештенство откриен му е тумор со големина на рака. Освен тоа дијагностициран му е миозитис со инклузивни тела, воспаление на мускули за кои нема лек. До свештеничкото ракополагање во 2007 година неговото тело веќе откажувало послушност.

„Тој крст од неговата болест бил најмоќниот начин за служење на луѓето“, рече дон Толесон. „Беше неуморен во службата, а Господ му даде многу прекрасни дарови на давање совети и делење свети Тајни. Беше неуморен иако беше ограничен со работата.“

Толесон кажа дека не знае во која мерка филмот ќе се занимава со свештеничкиот живот на дон Стјуарт, но додава дека создавањето интерес за неговиот живот ќе биде „благослов“ и „дел од нешто што веќе се случува.“

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот