Папата Фрањо се моли за ранетиот италијански мисионер во Јужен Судан, отец Кристијан Карлазер, именуван за бискуп на бискупијата Румбек. Отец Карласер е префрлен во болница во Кенија на лекување. Претседателот на земјата повика на брза истрага за случајот.
Папата Фрањо се моли за италијанскиот мисионер во Јужен Судан, отец Кристијан Карласер, ранет во напад во неговиот дом, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Четириесет и три годишниот свештеник Комбонијанец (според италијанскиот бискуп Даниеле Комбони (1831-1881), канонизиран од Иван Павле II во 2003 година) е жртва на тежок напад ноќта помеѓу 25 и 26 април. Новиот епископ на Румбек е именуван од папата Фрањо на 8 март 2021 година, а датумот на неговaта хиритонија е закажан за 23 мај. Мисионерот е нападнат во неговиот дом од страна на две вооружени лица кои сѐ уште не се идентификувани.
По добиената прва помош во болницата во Румбек, отец Карласер е пресенен најпрво во Џуба, а потоа во Најроби, Кенија, поради поголема загуба на крв од прострелните рани на нозете и жестоките удари. Животот на мисионерот од Виченца е надвор од животна опасност, моментално е во болница во Најроби, Кенија, каде што е подложен на трансфузија на крв. Претседателот на Јужен Судан Салва Кир побара од локалните власти брзо да ги пронајдат сторителите на нападот. „Властите нема да дозволат постапките на неколку криминалци да ги заплашат плановите на Црквата“, рече Салва Кир.
Причината за нападот сè уште е непозната. Областа Румбек се распарчува со години од племенските конфликти што може да бидат причина за нападот врз мисионерот.
„Им простувам на моите напаѓачи“, беа првите зборови на Карлазер. Мисионерот повика на молитва, не за него, туку „за луѓето од Румбек кои страдаат повеќе од мене“ – рече о. Карлзаер
Отец Кристијан е најмладиот италијански бискуп во светот, кој е поставен во бискупија, која претходно беше водена од друг мисионер Комбонијанин, отец Чезаре Мацолари, кој почина во 2011 година, неколку дена пред Јужен Судан да прогласи независност. Од тој момент, бискупијата Румбек е без бискуп.
„Пред да дојде во Румбек, отец Кристијан беше викар во бискупијата Малакал во Јужен Судан, од каде што се познаваме“, рече сестрата Елена Балати, Комбонијанка, која е шокирана од нападот. „Сите сме шокирани и вознемирени. Луѓето во Јужен Судан се исцрпени од насилството и неможноста пред светот да се претстави слика за мир од земјата.
Ватикан њуз/к.мк