Во петок 15 јануари 2021 година, Светиот Отец ја искажа својата близина и молитва со сите жртви од силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди индонезискиот остров Сулавеси нешто по полноќ во петокот, на 15 јануари.
Во својата телеграма, Папата изрази сочувство кон Индонезијците и жали за трагичното губење на човечки животи и големата материјална штета предизвикана од силниот земјотрес.
Најмалку 46 мртви, стотици повредени
Во телеграмата испратена во име на Папата од државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец изразува „искрена солидарност со сите во Индонезија кои се погодени од оваа природна катастрофа“ и „се моли за сите починати и оздравување на сите повредени“ и истовремено „испраќа утеха на сите што тагуваат“.
Во земјотресот на индонезискиот остров Сулавеси загинаа најмалку 46 лица, а стотици луѓе се повредени. Властите сè уште прибираат информации за бројот на жртвите и материјалната штета. Папата, исто така, во своите молитви го вклучи Апостолскиот нунциј во Индонезија и тамошните власти за да им пренесе дополнителна доза на охрабрување во нивните напори да бараат и спасуваат преживеани.
Ватикан нуз/к.мк