После молитвата Ангел Господов, папата Фрањо се обрати до луѓето и властите на Демократска Република Конго и Јужен Судан, кои требаше да ги посети на почетокот на јули; се спомна на новите блаженици на Црквата и Светскиот ден против детскиот труд. И денес не пропушти да ги насочи своите мисли кон украинскиот народ измачен од војната.
После молитвата Ангел Господов, во недела 12 јуни 2022 година, папата Фрањо се обрати до луѓето и властите на Демократска Република Конго и Јужен Судан, кои требаше да ги посети на почетокот на јули. Почитувани, со големо жалење, поради проблемот со ногата, морав да ја одложам посетата на вашите земји, закажана за првите денови од јули – рече Папата. Навистина чувствувам голема тага, бидејќи морав да го одложам тоа патување кое навистина го посакувам. Се извинувам за тоа. Заедно да молиме со Божја помош и лекарска грижа да дојдам меѓу вас што е можно поскоро. Да се надеваме!
Папата ги спомена и новите блаженици, мачениците сестра Марија Пашалис Јан и нејзините девет сестри од Конгрегацијата на сестрите на Света Елисавета, убиени на крајот на Втората светска војна во контекст кој беше непријателски расположен кон христијанската вера, кои вчера без издигнати во чест на олтарот во Вроцлав, Полска. Овие десет моанхињи, иако свесни за опасностите на кои биле изложени, останале со старите и болните за коисе грижеле. Нека нивниот пример на верност кон Христа ни помогне на сите нас, а особено на христијаните кои се прогонувани во различни делови на светот, смело да сведочиме за Евангелието.
Да не се навикнуваме на воената реалност – рече папата Фрањо, повторно споменувајќи го конфликтот во Украина, повикувајќи на молитви за тамошното население и охрабрувајќи ги верниците да не заборават што се случува. Секогаш се живи во моето срце мислите за украинското население погодено од војната. Времето што минува да не ја олади нашата болка и нашата грижа за овие измачени луѓе. Ве молам, да не се навикнуваме на таа трагична реалност! Секогаш да ги имаме во нашите срца – рече Папата и на крајот поттикна: Да се молиме и да се бориме за мир.
Ватикан њуз/к.мк