Папата Фрањо, според традицијата, утрото во петок 16 септември 2022 година, се помоли во базиликата Света Марија Велика и се заблагодари на Богородица за штотуку завршеното Апостолско патување во Казахстан.
Откако во четврток вечерта, 15 септември 2022 година се врати од Апостолското патување во Казахстан, папата Фрањо утрово отиде во базиликата Света Марија Велика да се помоли пред икона на Богородица Salus Populi Romani (Спас на римскиот народ). После тоа се врати во Ватикан.
Веќе стана обичај Папата да се заблагодари на Богородица пред и по секое Апостолско патување. Така, по повод штотуку завршеното 38. Апостолско патување во странство во Казахстан, тој искажа благодарност на Пресвета Богородица, на која Римјаните традиционално и се поклонуваат, за плодовите што ова патување ќе ги донесе во иднина, обележано со учеството на Светиот Отец на 7. Конгрес на поглаварите на светските и традиционалните религии.
Од самиот почеток на својот понтификат, во март 2013 година, папата Фрањо, пред и по секое патување во странство, останува кратко време во молитва пред иконата на Богородица што се чува во капелата Боргезе, многу драга на Римјаните. Оттогаш, тој ја посетил базиликата Света Марија Велика на римскиот рид Есквилин повеќе од 90 пати.
Ватикан њуз/к.мк