После светата Литургија, на крајот од својата пасторална посета на парохијата Света Магдалена од Каноси, папата Фрањо се заблагодари за искреното прифаќање на парохјаните и уште еднаш се препорача во нивните молитви. Излегувајќи пред парохиската црква рече:
„Гледам дека сте една жива и заедница во движење и тоа ми е мило. Одете напред со радост и не давајте да ве обесхрабрат. Одете секогаш радосно напред. Ве молам да се молете за мене, затоа што оваа работа треба да се работи добро, а не „така-така“ (просечно) – а за тоа да го можам, потребна ми е вашата молитва.“ На крајот Папата на целокупната заедница која од него сакаше да се збогува, повика сите заедно да ја помолат Пресвета Богородица, а потоа ги благослови и отпушти, по што се врати во Ватикан.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк