Војната е лудост на која не треба никогаш да се предаде, да не се подигнуваат ѕидови и да не се прифати дека може да се умре во морето без помош, рече папата Фрањо на 23 февруари 2020 година среќавајќи се со околу 50 епископи и патријарси од Медитеранот за време на својата посета на Бари.
Христијаните се повикани да бидат неуморни работници за мирот на Медитеранското море, измачено од поделби и нееднаквости. За Медитеранот да биде место на мирот, потребно е да го помине патот на дијалог, заедништво и прифаќање, а не рамнодушност и страв кои доведуваат до откажување од заштита. Среќавајќи се во базиликата Свети Никола во Бари со епископите и патријарсите од медитеранското подрачје, Папата ја истакна насоката во која треба да се оди за да се воспостават односи на мирот и напредок на Медитеранот кој е во разновиден контекст на култури обележан со жаришта на нестабилности и конфликти и страдање на оние кои бегаат од сопствените земји.
Насоката на која упати Папата е барањето на општото добро кое е – како што рече – друго име за мирот, а тоа е обврска која не може да биде одвоена од навестувањето на Евангелието. Заради тоа од христијаните побара да го чуваат наследството на верата, како и народната побожност за која е премногу потребно искуството.
Посветувајќи посебно внимание на појавата миграција, Папата поттикна сите луѓе да не се затвораат во рамнодушноста или дури во одбивање, и истакна дека реториката на конфликтот на цивилизацијата служи само за оправдување на насилството и поттикнување на омраза. На Папата на срцето му се и прогонетите христијани; затоа побара да се дигне гласот и од државните власти да се бара да се заштитат малцинствата и верската слобода.
Според мислењето на папата Фрањо итно е потребна пожива средба помеѓу различните религии затоа што – како што истакна – екстремизмот и фундаментализмот го негираат достоинството на човекот и на неговата верска слобода, предизвикувајќи морална деградација и поттикнувајќи антагонистичко сфаќање за човековите односи. На крајот претпоставка за градење на мирот е праведноста која меѓутоа – според зборовите на Папата – пречи на културата на отфрлање која ја зголемува нееднаквоста, и тоа толку што на бреговите на истото море живеат општества во изобилство додека многумина се борат за преживување.
Ватикан њуз/к.мк