Папата продолжува со консултациите

Ватикан 7.7.2013 /к.мк/ – Работните средби на Папата со неговите идни соработници продолжуваат. Откако во петокот го прими префектот на Конгрегацијата за наука на верата, архиепископот Герхрад Лудвиг Милер, оваа сабота Папата разговараше со кардинал Марк Квелет, префект на Конгрегацијата за епископи.

Потоа Светиот Отец се сретна со кардинал Антонио Кањизарес Лорера, префект на Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни. Пред неколку дена папата Фрањо ги потврди привремено сите водечки функции во Ватиканската курија, и се очекува дека за евентуални поголеми промени во Ватиканската курија папата ќе си земе доволно време за разговори и консултации.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<