Папата пристигна на аеродромот во Краков

Папата Фрањо денес го започна 15. апостолско патување во Полска на 31. Светски ден намлади кој се одржува во Краков. Авинот на Папата во 16.00 часот слета на аеродромот „Иван Павле II“ кој се наоѓа на местото Балице, 11 километри од Краков.

На поаѓање од Ватикан од домот Света Марта во 13.30 минути папата Фрањо го поздравија група млади бегалци; девет момчиња и шест девојки, претставници на разни националности кои пристигнаа во Италија, а сè уште се без документи за патување во странство. Младите придружувани од луѓе од Апостолската покорничарница на Папата му посакаа среќно патување и учествуво на Светскиот ден на млади на кој тие не можат да учествуваат, но духовно се обединуваат – стои во соопштението од Апостолската покорничарница.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот