Во пораката за Светскиот ден на водата папата Фрањо повторно истакна дека пристапот до тоа добро е основно човечково право кое треба да се почитува затоа што тоа е премногу неопходно за животот и достоинството на човекот.
Водата е добро важно за рамнотежата на екосистемот и за животот на луѓето; затоа треба да се надгледува и да се грижиме за неа за да не биде загадена или загубена – истакна Папата во пораката за Светскиот ден на водата кој се одбележува на тема „Вода за сите – Никој да не оставиме на страна,“ а кој го основа Органзацијата на Обединетите нации. По тој повод папата Фрањо напиша на својот профил на Твитер: „Да му благодариме на Бог за сестрата вода, толку едноставен и скапоцен елемент, и да се ангажираме за да биде достапна на сите.“
Сушата на планетата се шири на нови подрачја – рече Светиот Отец, а населението на тие краишта се повеќе страдаат заради недостатокот на извори питка вода. Да не се остави никој на страна значи да се отстрани таа неправда – рече Папата и објаснува: Важна е заедничката работа за да се искорени тоа зло кое погодува голем број наши браќа и сестри. Потребно е да се обединат напорите во барањето на општото добро, гледајќи во другиот човек конкретно лице. Само преку таквото настојување мерките кои се применуваат имаат вкус на средба и способност за одговор на неправдата која треба да се отстрани.
Да не се остави никој на страна – додава Папата, значи исто така да бидеме свесни дека е потребно да се одговори со конкретни дела; не само преку одржувањето или подобрувањето на водните структури, туку и со вложувањето во иднината, поучувајќи ги новите генерации како да ја користат со водата и да се грижат за неа. Свеста за тоа е приоритет во светот во кој сè се отфрлува и потценува и кој во голем број случаи не ја сфаќа важноста на богатствата кои ни се на располагање.
Новите генерации – заедно со сите жители на планетата – се повикани да го вреднуваат и штитат тоа добро, за да се задоволат потребите на оние кои ги поднесуваат неизбежните последици на климатските промени, како и на сите оние кои се жртви на еден или повеќе облици на искористувањето и загадувањето на водата. Тој воспитен предизвик ќе обликува ново гледање на тоа добро, формирајќи генерации кои го ценат и сакат богатството на Земјата – пишува Папата.
Сите сме творци на иднината, а меѓународната заедница веќе вложува во иднината на нашата планета. Затоа е потребно да се развијат планови за финансирање на далекосежни проекти за водата. Таквата одлучност ќе помогне во надминувањето на ставот за претворањето на водата во едноставна роба која е регулирано исклучиво со законите на трговијата – стои во пораката на Папата за Светскиот ден на водата.
Ватикан њуз/к.мк