Папата: Претпазливо со демоните кои учтиво и љубезно влегуваат во вашата душа

Папата: Претпазливо со демоните кои учтиво и љубезно влегуваат во вашата душа

Полошо од тоа е кога ѓаволот седи со вас на масата и живее со вас како сѐ да е нормално, затоа што тогаш ве лаже и ве поседува со духот на световноста.

Суштината ѓаволот е да уништува преку пороците и војните или се обидува тоа да го направи „љубезно“, така што да нѐ наведе на живот во „духот на световноста“ – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија во домот Света Марта, на 12 октомври 2018 година, осврнувајќи се на Евангелието од денешната Литургија.

Ѓаволот кога го обзема срцето на некој човек, останува таму како во своја куќа и не сака да излезе од неа – рече Папата и нагласи – Ѓаволите се обидуваат да го уништат човекот, па и да му нанесат и физичка болка. Исус често истерувал ѓаволи, негови и наши вистински непријатели. Борбата помеѓу доброто и злото понекогаш изгледа премногу апстрактна. Меѓутоа помеѓу Бог и старата змија се одвива вистинска борба. Таа  борба се случува и во нас. Секој од нас е во борба, можеби и несвесно. Во денешното Евангелие некои луѓе го обвинуваат на Исус дека преку Велзевул ги истерувал. Секогаш има зли јазици. Расправата помеѓу Исус и тие луѓе не престанува.

Суштината на ѓаволот е уништување, неговата задача е токму да се уништи Божјото дело – рече Светиот Отец и предупреди – ризик е да бидете како деца кои си го шмукат прстот верувајќи дека тоа не така, дека тие се свештенички измислици. Имено, ѓаволот уништува, а кога не може да уништи директно затоа што пред него е силата Божја која го брани на човекот, тогаш лукавиот итар како лисица бара начин како повторно да го запоседне тој човек.

Кога нечист дух ќе излезе од човека, тој оди преку безводни места и бара спокој; и не наоѓајќи вели: „Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов, имено од каде што Исус го истерал – рече папата Фрањо и напомена – Па и во говорот се претставува учтиво, зборувајќи: „од каде што излегов“, а всушност бил исфрлен.

„Па, штом дојде, го наоѓа изметен и уреден. Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и кога влезат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата“- го цитираше Папата Евангелието толкувајќи – Тоа значи дека кога ѓаволот не може да го уништи човекот преку пороци или пак народот со војни и прогони, размислува за друга стратегија која ја користи кон сите нас.

Ние сме христијани, католици, одиме на света Литургија, се молиме.. Сѐ изгледа во ред – рече Светиот Отец – Да, имаме свои мани и гревови, но изгледа како сѐ да е во ред. Ѓаволот се однесува пристојно: доаѓа, гледа, бара убава прилика, тропа на вратата, прашува дали е слободно, може ли да влезе? Ѕвони на ѕвончето…

Тие учтиви ѓаволи се полоши од оние првите, затоа што не сте ниту свесни дека ги имате во куќата – рече папата Фрањо и продолжи – Тоа е духот на светот Ѓаволот или уништува директно преку пророците, војните и неправдите, или уништува љубезно и дипломатски така како што вели Исус. Не креваат паника, стануваат пријатели, ве убедуваат: „Тоа можете, тоа не е ништо…“ и ве одведуваат на патот на просечноста, ве прават рамнодушен на патот до световноста.

Опасно е да се влезе во таа духовна просечност, во тој дух на светот кој нѐ корумпира одвнатре – рече Папата и истакна – Повеќе се плашам од тие ѓаволи отколку од првите. Кога ми кажуваат: „Потребен ни е егзорцист затоа што човекот е опседнат“, не се грижам толку како кога ќе видат луѓе кои ја отвориле вратата на љубезните ѓаволи, оние кои уверуваат во срцето дека не се непријатели.

Што е полошо во животот на човекот? Очигледен грев или да се живее во духот на светот и световноста? – праша Светиот Отец и одговори – Ѓаволот ве наведува на грев или на повеќе гревови, но очигледни така што да се срамите. Полошо од тоа е кога седи со вас на масата и живее со вас како сѐ да е нормално, затоа што тогаш ве лаже и ве поседува со духот на световноста.

Духот на световноста е оној кој ги внесува учтивите и љубезните ѓаволи – рече Папата потсетувајќи на Исусовата молитва на Последната вечера: Сочувај ги од духот на светот“ и поттикна на будност и мир. Пред тие љубезни ѓаволи кои сакаат да влезат на куќната врата, како да се повикани како сватови, да кажеме: будноста и мирот. Внимание! Таа е Исусовата порака. Христијанската будност. Што се случува во нашите срца. Зошто сме просечни. Зошто сме млаки? Колку учтиви и љубезни ѓаволи престојуваат во нашата куќа, не плаќаат станарина? – ја заврши со прашањата проповедта папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот