Во пресрет на Светскиот ден на молитва за грижа за создадениот свет, кој се одбележува на 1 септември, а со кои започнува и Времето на созданието, кое трае до 4 октомври, папата Фрањо повика на конкретна посветеност во грижата за заедничкиот дом.
На Генералната аудиенција, Светиот Отец потсети на претстојниот Светски ден на молитва за грижа за создадениот свет кој го воспостави како поттик за верниците во целиот свет да се молат за заедничкиот дом. Почетокот на септември исто така го означува и почетокот на „Времето на созданието“ кое трае до 4 октомври, на празникот свети Фрањо Асишки.
Обраќајќи им се на собраните верници во салата Павле VI, Светиот Отец се молеше овогодинешната тема „Слушај го гласот на создаденото“ во сите да поттикне „конкретна посветеност во грижата за нашиот заеднички дом.“
„На милост и немилост на нашите консумеристички ексцеси“, рече Папата, земјата „воздивнува и нѐ моли да престанеме со нашата злоупотреба и со нејзино уништување.“
Исто така се молеше во текот на ова Време на создаденото состаноците на врвот на Обединетите нации КОП27 и КОП15 да можат да го „обединат човечкото семејство во одлучно решавање на двојната криза на климата и намалената биодиверзитет.“