Во своето обраќање по молитвата Ангел Господов во недела, 17 јануари 2021 година, папата Фрањо се осврна на Светската молитвена осмина за единство на христијаните, која започнува на 18 јануари, истакнувајќи дека христијаните ќе се молат заедно за да се исполни желбата на Исус: „Да бидат сите едно“.
„Утре е важен ден: започнува молитвената осмина за единство на христијаните. Оваа година темата се однесува на Исусовата опомена: „Останете во Мојата љубов и ќе принесете многу плод“ (сп. Иван 15,5-9). Во понеделник, на 25 јануари, ќе ја затвориме осмината со служење на Вечерна во базиликата„ Свети Павле надвор од sидините“ заедно со претставници на другите христијански заедници присутни во Рим. Овие денови ќе се молиме едногласно за да се исполни желбата на Исус: „Да бидат сите едно“. (Иван 17,21). Единство секогаш е поголемо од конфликтот“ – рече Светиот Отец.
Светиот Отец потоа го спомна Денот за продлабочување и развој на дијалогот помеѓу католиците и Евреите кој се одбележува денес во Италија. Се радува заради таа иницијатива која се одржува веќе повеќе од 30 години и се надевам дека ќе донесе изобилни плодови на братство и соработка – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк