Светиот Отец креира 13 нови кардинали од 8 земји за време на конзисториумот во базиликата Свети Петар, кој се одржа во сабота 28 ноември 2020 година, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
На почетокот од конзисториумот, бискупот Гоза и Генералниот секретар на бискупската синода, Марио Греч во име на новите кардинали му се заблагодарија на папата Фрањо. После тоа беше прочитано Евангелието според Марко 10, 32-45, а Папата одржа проповед.
Тој истакна дека Исус и учениците се на пат. „Тоа е атмосеферата во која се случува патувањето на Црквата: патот на животот, на историјата, која е историја на спасението, која пак е создадена со Христос, упатена кон неговото Пасхално таинство. Ерусалим е секогаш пред нас. Крстот и воскресението припаѓаат на нашата историја, тие се нашата сегашност, но секогаш се и цел на нашето патување“.
Папата истакна дека учениците биле „запрепастени“ и „престрашени“ затоа што претпоставувале и знаеле што ги чека во Ерусалим. Сепак,Исус ја знае состојбата на духот на неговите ученици и никогаш не ги напушта – „и кога изгледа дека оди по својот пат, секогаш го прави тоа за нас“, „заради нас и нашето спасение“ – истакна папата Фрањо.
Знаејќи дека срцата на учениците се вознемирени, Исус ги зеде дванаесетмината настрана и по трет пат им навестува за неговото страдање, смрт и воскресение. Ова е патот на Синот Божји. Патот на Слугата Господов. Исус се поистоветува со тој пат, до тој степен што тој самиот е тој пат. Јас сум патот – истакна Папата.
Папата рече дека тогаш се случува пресврт. Иван и Јаков бараат: Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја. „Ова не е Исуовиот патот“ – истакна Светиот Отец, додавајќи дека тоа е патот на оние кои, можеби дури и несвесно, „го користат“ Господ за нивно унапредување; оние кои како што вели свети Павле: „Го бараат своето, а не она на Исуса Христа“ (сп. Фил. 2, 21)“.
На ова Исус не се вознемирува, ниту пак се лути – продолжи Папата. „Неговото трпение е навистина бесконечно. Го има и со нас, го има и ќе го има. А тој одговара: „Не знаете што барате. На некој начин ги оправдува, но истовремено ги предупредува“. Реакцијата на другите апостоли наскоро покажала дека „сите биле во искушение да залутаат“.
Потоа Папата предупреди дека сите „го сакаме Исус, сите сакаме да го следиме, но секогаш мора да бидеме внимателни за да останеме на неговиот пат. Затоа што со нозете и телото можеме да бидеме со него, но нашите срца можат да бидат далеку и да залутаат од патот“. Тој ги поттикна кардиналите да погледнат колку многу корупција има во живеењето на свештениците и како пастири да не се одвојат од народот и да станат само „еминенции“ затоа што така ќе застранат од патот.
На крајот од проповедта, папата Фрањо рече дека овој настан од Евангелието ја покажува разликата помеѓу Исус и учениците, „ја покажува вистината за Исус и нас“. „Тоа е болен меч, нè сече, болен е, но во исто време нè лекува, нè ослободува, нè преобраќа. Всуѓност преобраќањето е ова: Од погрешниот пат да се упатиш на Божјиот пат“ – рече на крајот од прпопведта папата Фрањо.
Потоа, Светиот Отец ја прочита формулата за креирање нови кардинали, свечено ги прогласи имињата на новите кардинали и објави за секој кардинал посебно на кој кардиналски ред припаѓа.
Новите кардинали тогаш го молеа Символот на верата и ветија верност и послушност на папата Фрањо и неговите наследници. Потоа, поединечно клекнаа пред Светиот Отец, кој им ги стави солидето, баретката и прстенот, а потоа им ги додели насловните цркви во Рим, педавајќи има ја булата за именување и распределбата во презвитерскиот односно ѓаконскиот ред на кардинали.
Поради мерките за заштита на коронавирусот, новите кардинали Хозе Ф. Адвинкула и Корнелиус Сим не присуствуваа на конзисториумот . Кардиналите, кои не беа во можност да присуствуваат, го следеа конзисториум преку интернет. Околу стотина верници беа присутни во базиликата затоа што секој од новите кардинали можеше да покани десет лица.
По денешниот конзисториум, Кардиналскиот колегиум брои 229 члена, од кои 101 немаат право на глас.
Папата Фрањо со новите кардинали го посети почесниот папата Бенедикт XVI