Папата основа фондација за Католичко образование
По барање на Конгрегацијата за католичко образование, папата Фрањо со своерачен документ (chirografo) ја основа Фондацијата ‘Gravissimum educationis’ со статус правно лице со седиште во Градот Ватикан. Фондацијата ќе се занимава со научни и културни дејности посветени на промовирање на католичкото образование во светот. Основањето се совпаѓа со 50 годишнина од Декларацијата од Вториот ватикански собор ‘Gravissimum educationis’, која зборува за христијанското образование.
Црквата препознава дека образованието е од голема важност во животот на човекот и неговото сѐ поголемо влијание на современиот општествен напредок, а тоа е длабоко поврзано со извршување на налогот која го прими од својот божествен Учител, имено да го навестува таинството за спасение на сите луѓе и сѐ да се обнови во Христос – стои во предговорот на соборската декларација, кој се наведува во Папскиот документ.
Фондацијата ќе се придружува кон важечките канонски на Црквата, потоа кон граѓанските кои важат за Градот Ватикан, како и на постоечкиот Устав.
РВ/го*ко