Папата: Нека замолчи оружјето во Мјанмар и нека започне искрен дијалог за постигнување мир

Папата: Нека замолчи оружјето во Мјанмар и нека започне искрен дијалог за постигнување мир

Во своето пладневно обраќање по молитвата Ангел Господов, во недела 24 ноември 2024 година, папата Фрањо ги упати своите мисли кон земјите зафатени од војна, со посебен фокус на Мјанмар, земја од Југоисточна Азија и нејзиното население кое страда поради борбите, а особено на најранливите: децата, стари лица, болни, бегалци, меѓу кои и оние од народот Рохинџа. Тој повторно поттикна на молитва за Украина, Палестина, Израел, Либан, Судан.

Дијалогот и вклученоста се неопходни чекори за постигнување мир. Така, папата Фрањо во поздравите по молитвата на Ангелскиот поздрав на празникот Христос Цар, уште еднаш ги охрабри верниците собрани на плоштадот Свети Петар да не го тргаат погледот од оние кои страдаат како последица на конфликти. Конфликт како оној што го мачи Мјанмар, кој утре, 25 ноември, ја одбележува годишнината од првиот протест на студентите во 1920 година.

Мјанмар утре го слави националниот празник во знак на сеќавање на првиот студентски протест што ја поттикна земјата кон независност и со перспектива за мирен и демократски период што е тешко да се постигне денес. Ја изразувам мојата близина со целото население на Мјанмар, особено со оние кои страдаат поради актуелните борби, а особено со најранливите: децата, постарите, болните, бегалците, вклучително и припадниците на народот Рохинџа. Упатувам силен апел до сите вклучени страни да го положат оружјето и да започнат искрен, инклузивен дијалог кој може да обезбеди траен мир.

Папата уште еднаш упати охрабрување да се моли за постигнување мир во напатената Украина, Палестина, Израел, Либан и Судан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот