Папата: Нека братството стане христијански начин на живот

Папата: Нека братството стане христијански начин на живот

Нека братството кое е дарот од Велигден стане христијански начин на живот – пoвика папата Фрањо во пладневниот наговор на плоштадот Свети Петар, на 2 април 2018 година.

Потсети дека во Италија Воскресниот понеделник воедно се нарекува и „понеделник на ангелите“ потсетувајќи на средбата на ангелите со жените кои дошле на гробот и откриеле дека е празен (Матеј 28, 1-10; Марко 16, 1-7; Лука 24, 1-12) Светиот Отец напомена дека во таа прилика за прв пат биле изречени зборовите: „Воскресна.“ Евангелистите пишуваат дека првите навестители на Исусовото воскресение биле ангелите. Како и во случајот со навестувањето на овоплотението така и кај навестувањето на воскресението не е доволен само човечкиот збор.

Било потребно поголемо битие за да се навести реалноста која е толку шокантна и неверојатна и која можеби ниту еден човек не би се осудил да ја изговори. Папата објасни дека после тоа учениците повторувале: „Господ навистина воскресна и му се јави на Симона“ (Лука 24, 34) и присутните ги повикаа сите заедно да повторат: „Господ навистина воскресна и му се јави на Симона.“ Светиот Отец потоа продолжи: Првичното навестување барало интелигенција која е помоќна од човечката.

Папата Фрањо потсети дека денес е ден на славење и заедништво кое обично се поминува со семејството. Откако го прославивме Воскреснието чувствуваме потреба повторно да се најдеме со своите најмили и со пријателите за да славиме затоа што братството е плод на Христовиот Велигден – рече Светиот Отец. Христос со својата смрт и воскресение го победи гревот кој го разделува човекот од Бог, од него самиот и од неговите браќа. Но ние знаеме дека гревот секогаш разделува, секогаш создава непријателства, секогаш дели – предупреди Папата.

Исус го сруши ѕидот кој ги разделува луѓето, повторно воспостави мир и започна со ткаење на мрежата на новото братство – нагласи Светиот Отец. Во нашето време е толку важно повторно да се открие братството, како што било живеено во ранохристијанските заедници. Папата напомена дека сме повикани повторно да откриеме како да му даде простор на Исус кој никогаш не разделува, туку секогаш обединува. Без братство и солидарнос не може да постои вистинско заедништво и одговорност за општото добро и за општествената правда – предупреди папата Фрањо и продолжи: Без братската солидарност не може да се оствари веродостојно црковно или граѓанско општество, туку постои само соживот на поединците кои се мотивирни од сопствените интереси. Братството е милост која ја дава Исус.

Христовото Воскресение ги доведе до новост дијалогот и односите, новост која за христијаните стана одговорност – истакна Светиот Отец. Исус навистина рекол: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе.“ (Иван 13, 35) Од таа причина не можеме да се затвориме само во својата приватност, во својата група, туку сме повикани да се грижиме за општото добро, за браќата и сестрите, пред сè за оние најслабите и маргинализираните. Единствено братството може да ни загарантира траен мир, да се надмине сиромаштвото, да се избришат тензиите и војните, да се искорени корупцијата и злосторството – рече Папата.

Ангелот кој ни зборува „воскресна“ нека ни помогне да го живееме братството и новоста на дијалогот, односите и грижата за општото добро – рече папата Фрањо и својот наговор го заврши со зборовите: Нека Блажена Дева Марија која во воскресното време ја нарекуваме со името Царица на небото, нè поддржи со својата молитва за братството и заедништвото кои ги доживуваме во овие воскресни денови да станат наш начин на живот и душа на нашите односи – рече папата Фрањо на крајот од наговорот.

По молитвата „Царица на небесна“ Папата уште еднаш ги повика верниците и ходочасниците сите заедно да повторат „Навистина воскресна Господ.“ Ги поздрави потоа сите присутни, посебно семејствата и им ги загарантира молитвите за Светскиот ден на аутизмот кој се одбележува денес. Потоа молеше за дарот на мирот за целиот свет, а посебно за оние народи кои најмногу страдаат заради сегашните конфликти, и повика на ослободување на киднапираните и оние кои неправедно се лишени од слобода. Светиот Отец на крајот ги повика присутните да не заборават да се молат за него и повторно ги потсети: „Навистина воскресна Господ.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот