Папата: Нека Америка сè повеќе се вкорени во Евангелието
Нека силниот ветар на светоста помине на следниот вонреден Јубилеј на милосрдието на двата американски континенти – е желбата која папата Фрањо ја изрази на Литургијата која на 2 мај ја предводеше во Папскиот северноамерикански завод во Рим.
Нека силниот ветар на светоста помине на следниот вонреден Јубилеј на милосрдието на двата американски континенти – е желбата која папата Фрањо ја изрази на Литургијата која на 2 мај ја предводеше во Папскиот северноамерикански завод во Рим по повод денови посветени на ликот на фра Џунипер Сера мисионер од Мајорка кој во XVIII век го навестил Евангелието во Мексико и во Калифорнија.
Животот и примерот на фра Џунипер, на тој шпански мисионер кој папата Фрањо ќе го прогласи за светец на 23 септември во Вашингтон за време на апостолското патување во САД, се обележани со мисионерски ентузијазам, маријанска побожност и сведочење на светоста. Силната желба за навестување на Евангелието го довела до тоа да ја напушти татковината, семејството, универзитетската катедра и својата фрањевска заедница.
Се прашувам дали денес сме подготвени со истата великодушност и истата храброст да одговриме на Божјиот повик да оставиме сè за да Му се поклонуваме, наследуваме, да Го пронаоѓаме во лицето на сиромашните и да Го навестиме на оние кои не го запознале Христос и не ја почувствувале прегратката на Неговото милосрдие – рече папата Фрањо.
Сведоштвото на нашиот шпански мисионер повикува лично да се вклучиме во континенталната мисија на Америка – додаде Светиот Отец. Фра Џунипер својата мисионерска посветеност ја доверил на Пресвета Дева Марија, а сликата на Нашата Богородица од Гвадалупе била присутна во мисиите кои ги основал po должината на брегот на Калифорнија. Не е можно да се оддели од срцето на американскиот народ. Таа е заеднички корен на тој континент – рече папата Фрањо и го истакна другиот аспект кој го обележал животот на фра Џунипер,а тоа е сведоштвото за светоста.
Да размислиме за сведоштвото на светоста на фра Џунипер – еден од основачите на Соединетите Држави, светец на католицiзмот и посебен заштитник на шпанскиот народ во таа земја – за целиот американски народ повторно да го открие сопственото достоинство, зајакнувајќи ја сè повеќе својата припадност на Христос и неговата Црква – поттикна Папата.
Нека животот на американскиот континент сè повеќе се вкорени во Евангелието – посака папата Фарњо – нека Христос биде секогаш присутен во животот на луѓето, семејствата, народите и нацијата за поголема слава Божја. И нека таа слава се покаже во културата на животот, во братството, во солидарноста, во мирот и праведноста, во ефикасната љубов која дава предност на најсиромашните преку сведоштвото на христијаните од различните заедници и вероисповеди, верниците на другите верски традиции и луѓе со исправна совест и добра волја – рече Светиот Отец и на крајот молеше нашата Богородица од Гвадалупе, фра Џунипер и другите амрикански светци да го водат на своето апостолско патување во Јужна и Северна Америка.
РВ/Д.И.