Папата: Не плашете се од Исусовото светло и отворете се за Господ

Папата: Не плашете се од Исусовото светло и отворете се за Господ

Да учиме од мудреците да не му го посветуваме на Исуса само остатокот од времето и понекогаш по некоја мисла, инаку ќе останеме без неговото светло – е повикот на папата Фрањо за време на пладневниот наговор на 6 јануари 2017 година пред речиси полниот плоштад Свети Петар во Ватикан.

Папата на почетокот од наговорот спомна дека мудреците „одлучиле да дозволат да ги води Исусовата ѕвезда.“ И во нашиот живот постојат различни „ѕвезди“ и „светла“. Ѕвезди со непостојан сјај кои се појавуваат и исчезнува како што се ситните задоволства во животот: дури и ако се добри не се доволни, затоа што кратко траат и не го даваат мирот за кој тежнееме. Овде потоа се блескавите светла на сцената; светлата на парите и успехот кои ги опфаќаат сите и веднаш. Овде се заводливите светла кои со својата сила заслепуваат и прават од сонот за слава да преминете во најгуста темнина – рече Светиот Отец.

Мудреците спротивно на тоа нѐ повикуваат да го сведочиме светлото кое е постојано и со љубов; кое не заоѓа затоа што не е од овој свет: доаѓа од небото и блеска во срцето. Тоа светло е Господ. Тој е светло: светло кое не заслепува, туку придружува и дарува единствена радост. Тоа светло е за сите и ги повикува сите. Следејќи го ова светло ќе имаме радост како што се случило и со мудреците кои „кога ја видоа ѕвездата, тие се зарадуваа со многу голема радост“ (Мт 2, 10) затоа што каде е Бог таму е радоста – рече папата Фрањо.

„Би сакал со голема почит сите да ве повикам да не се плашите од оваа светло и да не се плашите да се отворите за Господ. Посебно би сакал да му кажам на оној кој се откажал од потрагата и е изморен; на оној кој е прикриен со темнина во животот и желбата му згаснала: Стани, храбро! Исусовото светло може да ја победи и најгустата темнина – рече Папата.

Оној кој го сака светлото всушност излегува од себе и трага: не останува затворен; не чека да види што ќе се случи околу него, туку во игра го става сопствениот живот и излегува од себе. Христијанскиот живот е трајно патување кое се состои од надеж и трагање; пат по кој се продолжува и тогаш кога ѕвездата накратко ќе исчезне од вид. На тој пат постојат и замки кои треба да се избегнат: површни и световни брборења кои го оспоруваат чекорот; парализирачки инает на егозимот, дупките на песимизмот кои ја демнат надежта – објасни Папата.

„Овие работи ги запреле и книжниците за кои говори денешното Евангелие. Тие знаеле каде е светлото, кога Ирод ги запрашал, но не се помрднале. Нивното „знаење“ било залудно: не е доволно да се знае дека Бог се родил ако со Него не се пушти Божиќ во срцето,“ како што тоа го направиле Марија и Јосиф.

Мудреците токму така напаравиле: Го видоа Младенецот и паднаа па Му се поклонија (ред 11) Не го гледале само; не изговориле само пригодна молитва, туку му се поклониле – влегле во лично заедништво со Исусовата љубов. Да се учиме од мудреците – повика папата Фрањо – да не му го посветуваме на Исуса само остатокот од своето време и понекогаш по некоја мисла инаку ќе останеме без неговата светлина – предупреди Светиот Отец повикувајќи: „следејќи ја Исусовата ѕвезда да му се поклониме на Господ со целото свое битие.“

По Ангел Господов, Папата потсети дека православните верници според јулијанскиот календар утре го слават празникот Божиќ и рече: „Во духот на радосното братство посакувам новото раѓање на Господ Исус да ве исполни со светлина и мир!“

Поздравувајќи ги потоа верниците од различни краишта на светот собрани на плоштадот за подарок им даде џебни брошури „Икони на милосрдието“, кои на собраните им ги поделија бездомници и монаси и монахињи – волонтери. Папата на сите им посака оваа година да биде година на праведноста, прошката, ведрината – а пред сѐ – милосрдието! Како „дар за возврат“ Папата на присутните ги замоли да не го заборават во своите молитви и го отпушти мноштвото.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот