Папата на Твитер: Бог ме љуби. Бог никогаш не ме напушта

Папата на Твитер: Бог ме љуби. Бог никогаш не ме напушта

Кога се чувствуваме тажни, кога ни изгледа дека сѐ оди наопаку, тогаш треба да се присетиме: „Бог ме љуби. Бог никогаш не ме напушта“ – порача папата Фрањо во пораката која ја објави на Твитер, на 22 август 2017 година.

Светиот Отец, на 14 јуни 2017 година за време на Генералната аудиенција, рече дека никој од нас не може да живее без љубов, истакнувајќи дека грдо e ропството во кое можеме да паднеме е да мислиме дека љубовта се заслужува.

Можеби голем дел од вознемиреностите на современиот човек доаѓаат од тоа – продолжи Папата – да мисли дека ако не сме силни, привлечни и убави, тогаш никој нема да се грижи за нас. Многумина денес бараат да бидат видени само затоа за да ја исполнат внатрешната празнина: како да сме луѓе на кои вечно им е потребно потврдување. Но, можете ли да замислете свет во кој сите бараат начини како да го привлечат внимание на другите, а никој не е подготвен другиот бесплатно да го љуби? Замислете таков свет: свет без бесплатност на љубовта! Изгледа како човечки свет: но всушност тоа е пекол. Многу човечки нарцизми настануваат од чувството на осаменост и напуштеност. Зад таквите наизглед необјасниви однесувања се крие прашањето: дали е можно да не заслужувам да ме нарекуваат по име, односно да бидам љубен? Бидејќи љубота секогаш се нарекува по име – рече во таа прилика папата Фрањо.

Светиот Отец потоа потсети дека Божјиот прв чекор кон нас е безусловната љубов која го прави првиот чекор. Бог нас прв нѐ љуби. Бог нас нѐ не љуби затоа што во нас постои некоја причина која поттикнува љубов. Бог нѐ љуби, затоа што Тој самиот е Љубов, а љубовта по својата природа се стреми да се шири и да се дарува – рече Папата и додаде: Бог дури ниту својата добронамерност не ја поврзува со нашето преобраќање: тоа евентуално е последица на Божјата љубов.

Потоа ги упати зборовите на свети Павле апостол од неговото Послание до Римјаните: „Но, Бог ја докажа љубовта Своја кон нас со тоа, што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни“ (Рим 5, 8). Уште додека бевме грешни; безусловна љубов – истакна папата Фрањо. Сме биле „далеку“ како блудниот син од параболата: „ И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива“ (Лк 15, 20). Од љубов нашиот Бог остварил излегување од самиот себе, за да нѐ најде во ова пустелија во која му било безмислено да поминува. Бог нѐ љуби уште додека сме биле грешни – нагласи Светиот Отец.

Кој од нас љуби на тој начин ако не таткото или мајката? – праша потоа Папата и рече дека единствено љубовта на таткото и мајката, но дава да сфатиме каква е Божјата љубов. Ние сме Божји сакани деца! Но, може ли да има деца кои Бог не ги љуби? Не. Сите сме деца кои Бог ги љуби. Не постои некое проклетство над нашиот живот, туку само дубродушното Божјо Слово кое го извадила нашиот живот од устата на ништожноста. Во Исус Христос сме посакувани, сакани и љубени. Постои Некој кој во нас ја втиснал изворната убавина која никаков грев, никаков погрешен избор не може целосно да го избрише – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот