Папата на Велики четврток во затворот во Палијан

Папата на Велики четврток во затворот во Палијан

Папата Фрањо повторно ја покажува својата близина во светот на казнено-поправните установи. На почетокот на Велигденската тродневница, на Велики четврток, ќе отиде во затворот во Палијан, мал град недалеку од Рим, каде што ќе служи света Литургија Вечера Господова со обред миење нозе.

За посетата на Папата за Радио Ватикан се осврна капеланот во затворот дон Луиџи Паолети и најпрво рече дека таа вест била вистинско изненадување и за него, иако затворениците со години сакале и барале Папата да ги посети. Многу пати пишуваа; навистина тоа го сакаа со многу голема желба. Сакаат Папата да им упати утешителен збор, за нив и за нивните семејства – рече капеланот.

Поголем дел од затворениците – додаде – ја чувствуваат близината на Папата заради неговата нежност со која зрачи, најмногу преку сочувството кон оној кој страда, кој згрешил, кој паднал и посебно кој има храброст да се подигне. Поголем дел од нив тргнаа по прилично бавен, долг и напорен пат, но имаат потреба за милосрдие, љубов, внимание, прифаќање, потребно им се чувството дека некој навистина и човечки се интересира за нивната состојба. И тоа им дава многу надеж – истакна на крајот дон Луиџи.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот