Папата на аудиенција го прими претседателот на Фиџи

Папата на аудиенција го прими претседателот на Фиџи

Рату Наикама Тавакеколати Лалабалаву, претседателот на Фиџи, се сретна со папата Лав XIV и со дипломати од Ватикан на разговори за социо-политичката состојба во неговата земја, со посебен акцент на заштитата на животната средина и борбата против транснационалниот криминал.

Утрово, во четврток, 30 октомври 2025 година, папата Лав XIV го прими претседателот на Република Фиџи, Рату Наикама Тавакеколати Лалабалаву, на аудиенција во Апостолската палата во Ватикан.

Господинот Лалабалаву потоа се сретна со кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол, во придружба на монсињор Даниел Пачо, потсекретар за мултилатералниот сектор при Секцијата за односи со државите и меѓународните организации.

Разговори во Државниот секретаријат

„За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат,“ се наведува во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, „двете страни изразија задоволство од постојните билатерални односи и благодарност за улогата на Црквата во земјата.“

„Разговорите,“ стои во соопштението, „се осврнаа и на некои аспекти од социо-политичката состојба во земјата, меѓу кои заштитата на животната средина и борбата против транснационалниот криминал.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот