Папата: Мисијата е главна задача на Католичка акција

Папата: Мисијата е главна задача на Католичка акција

Мисијата не е една од бројните задачи на Католичка акција, туку тоа е нејзината главна задача – рече папата Фрањо на 27 април 2017 година, отворајќи ја работата на Меѓународниот форум во Ватикан, организиран од оваа католичка лаичка организација, која е формирана во Италија, а чиј почетоци датираат од 1867 година.

Ако посланието не е нивната сила по која ќе се препознава, се изобличува суштината на Католичка акција, која тогаш ја губи и причината за своето постоење – објасни папата Фрањо во говорот одржан на шпански јазик.

Ја сакам Католичка акција меѓу луѓето, во парохиите, во бискупиите, во селата, градските населби, во семејствата, при учењето и на работата, во природа, во сопствените животни средини. Токму во тие нови средини се донесуваат одлуки и се гради културата – препорача папата Фрањо поѓајќи од темата на форумот која гласи: „Католичка акција во посланието на сите и за сите“

Потсетувајќи дека Католичка акција традиционално се потпира на четири темели: молитва, формација, жртва и апостолат, Папата истакна дека денес првенство има мисионерскиот апостолат, знаејќи дека без молитва, жртва и формација нема резултати. Поради тоа тој ги поттикна присутните да се посветат на формација, прилагодувајќи се на секоја потреба. За да поттикнете среќно пријателство со Исус, молете, ставајќи го срцето во потребите на народот, во неговите страдања и радости, така ќе избегнете постојано да гледате на себе. Жртвувајте се, но не за да се почувствувате неизвалкани, туку за да им направите добро на другите – истакна Папата и се осврна на обврската за евангелизација.

Евангелизацијата не е нацрт на прозелитизам, бидејќи Црквата расте преку привлечноста. Поради тоа е многу важно обврската на Католичка акција за евангелизација да се обнови и да се прилагоди на времето, допирајќи до сите луѓе, на сите места, во сите услови, во сите животни периферии, и тоа со вистина, а не само како едноставно обликување на начела. Треба конкретно да се инкорпорирате во бискуписките цркви, поаѓајќи од парохиите – истакна папата Фрањо.

Избегнувајте го перфекционистичкото искушение за вечна подготовка за послание и вечни анализи кои, кога ќе завршат или веќе не се во мода или пак се застарени – препорача Папата истакнувајќи: Реалноста нека ви ја одредува времето. Евангелизирањето се учи евангелизирајќи, како што се учи со молење – рече Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот