Папата: Милосрдието го очистува срцето
Папата на Генералната аудиенција на 22 јуни 2016 година зборуваше за Божјото милосрдие кое го очистува срцето и го ослободува од лепрата на гревот до целосно исцелување! Светиот Отец повика на молитва која лепрозниот од Евангелието го доведува до исцелување: Господи ако сакаш можеш да ме очистиш.
Во катехезата на Генералната аудиенција одржана на 22 јуни 2016 година Светиот Отец зборуваше за Исусовото милосрдие кое што срцето го очистува од секаква нечистотија. Поаѓајќи од евангелскиот дел од Евангелието според Лука за лепрозниот кој го излекувал (Лк 5, 12-15), папата Фрањо рече дека лепрозниот од Евангелието не барал само оздравување, туку и очистување што значи исцелување на душата и на телото. Лепрата во тоа време се сметала за Божјо проклетство: длабинска нечистотија. Лепрозниот морал да се држи подалеку од сите и не можел да пристапува во храмот, ниту да учествува во богослужбата. Бил настрана од Бог и од луѓето – рече Папата и продолжи:
Без оглед на тоа, лепрозниот не се помирува со таквата состојба; ниту што се донесува до болеста, ниту што се однесува до состојбата која го исклучува од општеството. Не се плашел да го прекрши законот и да влезе во градот за да дојде до Исус. Кога го пронајде, паѓа ничкум и Му моли: „Господи ако сакаш можеш да ме очистиш.“ Сè што овој човек направил и кажал е израз на неговата вера! Ја признава Исусовата моќ: сигурно е дека Исус има моќ за да го оздрави и сè зависи од неговата волја – рече Папата.
Таа негова вера е силата која му дозволила да ја раскине секоја конвенција и да тежнее за средба со Исус пред кој паѓа ничкум нарекувајќи го „Господ“. Молбата на лепрозниот покажува дека кога пристапуваме кај Исус не ни се потребни долги говори. Да се довериш на Божјата волја всушност значи да се предадеш на неговото бескрајно милосрдие. Имено не постои некое посигурно место од тоа – истакна папата Фрањо.
За да ги охрабри собраните верници Папата призна дека пред да замине на спиење ја моли истата молитва како и лепрозниот пред своето оздравување, а на тоа додава и пет пати Оче наш – по еден Оче наш за по секоја Исусова рана – затоа што преку своите рани Господ нè очисти и исцели, смета Светиот Отец. Исус длабоко допрен, ја протегна раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!“. Исусовите гестови ги следат зборовите и им даваат јасна смисла. Спротивно на Мојсеевиот закон кој забранувал приближување до лепрозните, Исус ја протега раката така што дури го допрел.
Колку пати среќаваме сиромав… Ние истотака знаеме да бидеме великодушни, да имаме сочувство, но таков човек не допираме. Му понудуваме пари, но без допир. Забораваме дека станува збор за Христовото Тело. Исус нè учи да не се плашиме да го допираме сиромавиот и оној кој е исклучен затоа што во нив е Тој самиот. Допирањето на сиромавиот може да нè очисти од лицемерие, а неговата состојба може да нè „растресе.“
Бидејќи лепрозниот оздравел Исус му заповеда за тоа никому да не зборува и да оди и да принесе жртва за своето очистување како што пропишува Мојсеевиот закон, ним за сведоштво. Ваквиот Исусов став покажува најмалку три работи. Прво милоста која во нас делува без сензационализам. Не ретко се случува во дискреција и без врева. За да ги излекува нашите рани и да нè поведе по патот на светоста, делува внимателно и трпеливо, го ткае нашето срце според Срцето Господово за да ги усвојува секогаш сѐ повеќе неговите мисли и чувства.
Второ, давајќи службено да се провери применото оздравување од свештениците и принесувајќи ја притоа пропишаната жртва, поранешниот лепрозен станува повторно примен во заедницата на верниците и вклучен во општеството. Со тоа вклучување неговото оздравување е довршено. Како што и самиот молел сега е целосно очистен!
На крајот (третото!) покажувајќи се на свештениците поранешниот лепрозен сведочи за Исусовата власт на Месија. Силата на сочувството со кое Исус го излекувал лепрозниот му донесе вера на овој човек до тоа тој да се отвори за послание (мисија) – рече Светиот Отец и додаде:
Да размислиме искрено за себе и за сопствената беда; секој за себе. Колку пати го прекриваме лицемерието со „добрите манири“! И токму сега е потребно да останеме сами, да клекнеме ничкум пред Господ и да молиме: Господ ако сакаш можеш да ме очистиш! – рече на крајот од својот наговор Светиот Отец.
На крајот од аудиенцијата Светиот Отец по обичај ги поздрави младите, болните кои трпат и нововенчатите парови: Млади, Исус ве повикува да бидете со ревни срца: радосно да одговорите на неговиот повик секој според својот талент; драги болни принесувајте го своето страдање на Христос Распнатиот за да соработувате со Него на откупувањето на светот; а вие драги сопружници бидете свесни за неразрешливоста на посланието на што ве обврзува светата Тајна Брак!
РВ/к.мк