Папата: Лажливец е оној кој вели дека го сака Бог, а не го сака својот брат

Папата: Лажливец е оној кој вели дека го сака Бог, а не го сака својот брат

Љубовта е конкретна и се покажува правејќи добро – така папата Фрањо во петок, 10 јануари 2020 година ја започна својата проповед коментирајќи го првото литургиско читање. Рамнодушноста е недостаток на љубов кон Бог и кон ближниот, но на прикриен начин

Литургиското читање од Првото послание на свети Иван апостол се концентрира на темата љубов и токму за тоа размислуваше во својата проповед папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта. Апостолот разбира што е љубов, ја имал искусено, па влегувајќи во Исусовото срце, сфати како таа се покажува. Затоа во своето послание зборува за тоа како се љуби и како сме љубени.

Бог нас прв нè возљуби

Светиот Отец издвои две тврдења од Првото послание на свети Иван апостол. На првото основа е љубовта, а тоа е дека ние го љубиме Бога, затоа што тој нас прв нè возљуби. Љубовта започнува од Него. Јас започнувам да љубам или можам да започнам да љубам, затоа што знам дека Тој прв ме возљуби – истакна Папата и додаде: Ако Тој прв не беше нè возљубил, сигурно не би можеле да љубиме. Папата потоа истакна пример со новородено дете кое, кога би можело да зборува, сигурно би ја објаснило таа реалност со зборовите: Се чувствувам сакан од своите родители. Она што родителите го прават со своето дете, тоа Бог со нас го направи: прв нè возљуби и тоа ја раѓа и ја зголемува нашата способност за љубов. Тоа е јасно објаснување на љубовта: ние можеме да го љубиме Бог затоа што тој нас прв нè возљуби.

Лажливец е оној кој вели дека го љуби Бог, а го мрази својот брат

Втората реалност која апостолот, без нејасност, го вели ова: Ако некој рече: Го сакам Бога, а го мрази својот брат, лажец е (Иван 4,20). Го сакам Бог, се молам, во занес сум, а потоа ги отфрлам другите, ги мразам или едноставно не љубам или сум рамнодушен кон другите – предупреди Папата и објасни дека во посланието не стои „си погрешил“, туку вели „лажливец си“. И тој збор во Библијата е јасен – рече Папата – затоа што да се биде лажливец е ѓаволски начин на постоење; тој е Голем лажливец и татко на лагата, како што стои во Новиот завет. Тоа е сатаната, како што ни ја опишува Библијата и ако велиш дека го љубиш Бог, а го мразиш својот брат, ти си веќе на другата страна: лажливец си. Во тоа нема отстапки.

Многумина можат да пронајдат начини за да не би љубеле – забележи Светиот Отец и додаде. Некој може да каже: Не мразам оче, но постојат многу луѓе кои ми прават зло или кои не можам да ги прифатам затоа што се невоспитани или недораснати. Папата Фрањо го коментираше тоа истакнувајќи ја конкретноста на љубовта за која зборува Иван кога пишува: Оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел? Ако не си во состојба да ги сакаш луѓето, од најблиските до најоддалечените со кои живееш, не можеш да кажеш дека го љубиш Бог, лажливец си.

Љубовта е конкретна и секојдневна

Но, не постои само чувство на омраза, може да постои и волја за “немешање“ во работите на другите. Но тоа не е добро, затоа што љубовта се искажува правејќи добро – напомена Папата. Некој вели: За да бидам чист, пијам само дестилирана вода. Но така ќе умреш, затоа што таа не му служи на животот. Вистинската љубов не е дестилирана вода, таа е секојдневна вода, со проблемите, чувствата, љубовта и омразата. Да се сака конкретно, конкретна љубов; тоа не е љубов од лабораторија. На тоа нè учи апостолот со тие негови многу јасни објаснувања.

Меѓутоа постои малку прекриен начин на кој може да не се сака Бог и ближниот, а тоа е рамнодушноста. Некој ќе каже: „Не не го сакам тоа; сакам дестилирана вода. Не се занимавам со проблемите на другите“. Но мораш, за да помогнеш, за да молиш – рече Папата и ги цитира зборовите на Алберт Хуртад кој вели: „Добро е да не се прави зло, но зло е да не се прави добро“. Вистинската љубов мора да предизвика правење добро (…) да ги извалкаш рацете со дела на љубовта.

По патот на верата го победуваме светот

Не е лесно, но на патот на верата постои можност да го победиме светот, менталитетот на светот кој нè спречува да љубиме. Тоа е патот – рече Папата – таму не влегуваат рамнодушни, оние кои ги мијат рацете од проблемите, оние кои не сакаат да се мешаат во проблемите за да помогнат, како би направиле добро; не влегуваат лажни мистичари, оние дестилирани срца како водата, кои велат дека го љубат Бог, но го сакаат својот ближен. Господ нека нè научи на овие вистини: сигурност дека први сме љубени и храброст да ги љубиме браќата – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот