Папата Лав XIV ја избра темата за својата порака за Великиот пост 2027 година, „Да ја прифатиме кревкоста“, вдахновена од неговата енциклика Magnifica humanitas и замислена како „алтернатива на илузијата за човештво кое сака самото да се пресоздаде без ограничувања“.
Папата Лав XIV ја избра темата „Да ја прифатиме кревкоста. ‘Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила наполно се покажува во слабоста’ (2 Коринтјаните 12,9; Magnifica humanitas, 118–126)“ за својата порака за Великиот пост во 2027 година.
Темата беше објавена во петок, 27 ноември, во соопштение на Дикастеријата за промовирање на интегралниот човечки развој.
Таа е вдахновена од Второто послание на Светиот апостол Павле до Коринтјаните (12,9), како и од точките 118 до 126 од енцикликата на папата Лав Magnifica humanitas.
„Во време обележано со сонот за надминување на границите на човечката состојба и отстранување на секој облик на неизвесност, Великиот пост ни нуди можност да тргнеме по пат на преобраќање, препознавајќи ги нашите ограничувања како суштинска димензија на нашата природа како создадени суштества“, се објаснува во соопштението.
„Станува збор за зачувување на нашата човечност и отворање за Божјата благодат. Преку Воплотувањето, самиот Син Божји влезе во историјата, ја прими нашата слабост и стана послушен до смрт, и тоа смрт на крст.“
Во согласност со размислувањата содржани во Magnifica humanitas, темата на пораката за Великиот пост 2027 година сака да понуди „алтернатива на илузијата за човештво кое сака самото да се пресоздаде без ограничувања“, се истакнува во соопштението.
Ватикан њуз/к.мк

