Папата Лав прими затвореници од Венеција

Папата Лав прими затвореници од Венеција

Папата Лав XIV во четврток 7 август 2025 година, се сретна со група ходочесници од Венеција.

Јубилејното ходочестие на групата од речиси 500 километри вклучуваше одење пеш на последните сто километри, од италијанскиот град Терни до Рим. Ходочесниците до аудеинцијата беа придружени од венецијанскиот патријарх, надбискупот Франческо Моралија; и затворскиот капелан отец Масимо Кадамуро, заедно со други надбискуписки службеници.

Пред аудеинцијата, отец Кадамуро рече: „Средбата со папата Лав го крунисува ова наше искуство, патување и ходочестите, преземено целосно под знамето на надеж со доверба, која претставува неопходна димензија за автентичниот живот на сите луѓе, и слободни и затворени. Можноста да го преземеме ова хоочестие заедно го прави уште посилно, повистинито, поавтентично.“

Енрико Фарина, во своето обраќање пред аудиенцијата рече дека можноста да им се дозволи на затворениците да учествуваат „во интензивно човечко и духовно патување“ го исполнува „со гордост“. Тој исто така истакна дека на затворениците ќе им биде даден дневник што содржи размислувања и молитви вдахновени од „ова длабоко значајно патување“ и рече дека е почестен што го споделил времето со ходочесницте.

Според надбискупот Моралија, по јубилејната аудиенција за семинаристите од Венеција и околината во јуни, средбата во четврток е „уште еден голем подарок од папата Лав“, кој го прифати барањето на затворениците да ги прими на крајот од нивното ходочестие.

Венецијанскиот патријарх рече дека поклонението и аудиенцијата со Папата „е искуство кое – сигурен сум – ќе остави неизбришлив белег врз душите и животите на овие затвореници, на персоналот и волонтерите што ги придружуваат, а исто така и на сите во бискупските служби кои се посветени на работата со затворите и реинтеграцијата на затворениците во општествениот живот“.

Јубилејното ходочестите, заедно со можноста за средба со папата Лав, е дел од „континуираната и сеопфатна посветеност“ на Венецијанската надбискупија за пастирска грижа за затворениците во локалните затвори. Како дел од таа посветеност, надбискупот Моралија во последните недели се сретна со италијанскиот министер за правда, Карло Нордио, за да разговара за состојбата на затворите во и околу Венеција, како и за напорите за реинтеграција на затворениците во граѓанското општество по завршувањето на нивните казни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот