Папата Лав XIV се сретна со Пати Смит

Папата Лав XIV се сретна со Пати Смит

Во петок наутро, 31 јули 2026 година, папата Лав XIV ја прими Пати Смит, американска кантавторка, поетеса и уметница, која, како и тој, е по потекло од Чикаго.

Папата Лав XIV се сретна со американската кантавторка, поетеса и уметница Пати Смит за време на приватна аудиенција во Апостолската палата во Ватикан, во петок наутро. Смит, како и Папата, е по потекло од Чикаго, САД.

Инаугурација на Павилјонот на Светиот Престол

На 8 мај, по повод првата годишнина од изборот на папата Лав XIV, Пати Смит го отвори Павилјонот на Светиот Престол на 61. Меѓународна уметничка изложба на Венециското биенале. Таа изведе звучна молитва создадена во соработка со Soundwalk Collective, важен уметнички партнер во изложбениот проект промовиран од Дикастеријата за култура и образование.

Сеќавање на папата Фрањо

Во интервју за Ватикан њуз минатиот април, само неколку дена по смртта на папата Фрањо, Смит ги сподели своите лични спомени за Хорхе Марио Бергољо. Првпат го запознала на Генералната аудиенција на 10 април 2013 година, а една година подоцна настапила за него.

„Мораме да ги земеме зборовите што тој ги ценеше, љубов, понизност, сочувство, и да им веруваме со нашите срца. И, како што учеа некои од нашите големи учители, мора да се обидеме да Го подражаваме Христос“, рече таа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот