Папата Лав XIV го именува надбискупот Виторио Франческо Виола за архипрезвитер на Папската базилика „Свети Петар“ во Ватикан, генерален викар на Неговата Светост за Државата Ватикан и претседател на Фабриката на Свети Петар.
Именувањето го објави Светиот Престол во сабота.
Надбискупот Виола досега ја извршуваше службата секретар на Дикастеријата за богослужба и дисциплина на Светите Тајни.
Роден е на 4 октомври 1965 година во Биела, Италија. Свечените завети во Редот на малите браќа ги положил во 1991 година, а за свештеник е ракоположен во 1993 година.
Докторирал света Литургија на Папскиот литургиски институт „Свети Анселмо“ во Рим. Во 2014 година бил именуван за бискуп на Тортона, а во 2021 година за секретар на Дикастеријата за богослужба и дисциплина на Светите Тајни.
Нов секретар на Дикастеријата за богослужба
Папата Лав XIV истовремено го именува бискупот Аурелио Гарсија Масијас за секретар на Дикастеријата за богослужба и дисциплина на Светите Тајни.
Тој од 27 мај 2021 година ја извршуваше службата потсекретар на Дикастеријата, кога папата Фрањо го именува и за бискуп.
Бискупот Гарсија Масијас е роден на 28 март 1965 година во Полос, Шпанија. За свештеник на надбискупијата Ваљадолид е ракоположен во 1992 година, а докторирал ЛИтургија на Папскиот институт „Свети Анселмо“.
Претходно бил ректор на епархиската богословија во Ваљадолид, а во Дикастеријата за богослужба започнал да служи во 2015 година.
Ватикан њуз/к.мк

