Пред Генералната аудиенција на 20 февруари 2019 година, во базиликата Свети Петар, папата Фрањо се сретна со верници од италијанските надбискупија Беневенто.
Пред Генералната аудиенција на 20 февруари 2019 година, во базиликата Свети Петар, папата Фрањо се сретна со верници од италијанските надбискупија Беневенто кој со таа средба посакаа на Папата да му возвратат за неговата посета во Пиетрелчина во март минатата година по повод 100 годишнина од појавувањето на стигмите на телото на свети Пио и 50 годишнината од неговата смрт. Обраќајќи им се присутните верници Папата истакна: Да се сака Црквата значи да се простува.
Во фокус на говорот на Папата со кој им се обрати на верниците од Беневенто беше длабоката љубов кон Црквата, овоплотена во тој капуцин, а тоа беше и можност за спомен на посетата на Пиетрелчина и срдечното гостопримство. Нека сеќавањето на тој настан полн со црковно и духовно значење во секој ја оживее желбата потемелно да ја живее верата, по стапките на поучувњето на вашиот почитуван и свет сонародник отец Пио – посака Папата.
Тој ја сакал Црквата со големиот број нејзини проблеми, неволји и со голем број грешници – рече Светиот Отец и додаде, затоа што Црквата е света; таа е Христова Свршеница, а ние деца на Црквата, сите сме грешници; но тој ја сакал Црквата таква каква што била, не ја уништувал со јазикот, како што денес тоа е во мода – рече Папата. Кој ја сака Црквата знае да прости затоа што знае дека и самиот е грешник и дека му е потребна Божјата прошка.
Не може цел живот да се обвинува Црквата
Напоменувајќи потоа дека само Бог простувајќи ги средува работите, Светиот Отец истакна дека е важно да се предупреди на грешките за да се поправат. Но, тоа треба да се прави сакајќи ја Црквата. Отец Пио ја сакал Црквата со сите нејзини проблеми и неволји и со гревовите на нејзините деца. Не може цел живот да се живее обвинувајќи ја Црквата – рече Папата и праша, кој е оној кој Библијата го нарекува тужител? Ѓаволот! А оние кои го поминуваат животот обвинувајќи тие се – нема да кажам деца затоа што ѓаволот ги нема – но тие се пријатели на ѓаволот, браќа и родинини – рече Папата.
Сведочете дека љубовта е поубава од омразата
Затоа ги поттикна присутните верници сè повеќе да ја прифаќаат со Божја љубов, тоа е изворот и причината за нашата вистинска радост. Таа љубов го менува животот најмногу на оние кои се слаби и на кои им е потребна помош. Ширејќи ја Божјата љубов секој од нас придонесува за изградба на поправедно и посолидарно општество – истакна Папата. Меѓутоа сето тоа е можно само ако сме сведоци на љубовта.
Мислете на свети Фрањо – поттикна Светиот Отец. Што им рекол на своите ученици? Одете, давајте сведоштво, не се потребни зборови. Понекогаш треба да зборувате, но започнете со сведоштво, живејте како христијани сведочејќи дека љубовта е поубава од омразата, дека пријателството е поубаво од непријателството, дека братството помеѓу сите нас е поубаво од војната – истакна на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк