Папата: Катехистот поаѓа од Христос и оди со Христос

Папата: Катехистот поаѓа од Христос и оди со Христос

Степенот до кој Исус го допира центарот на нашиот живот, толку многу нè изведува од самите себе, приближувајќи нè до другите – напиша папата Фрањо во својата порака на Твитер, која ја објави на 17 септември 2017 година.

Со тоа потсети на она што го напиша во пораката до учесниците на меѓународниот симпозиум за катехези во Аргентина, кој се одржа во средината на јули ова година. Катехистот поаѓа од Христос и оди со Христос – напиша меѓу останатото Папата – катехистот не е човек кој поаѓа од сопствените идеи и вкус, туку дозволува Христос да Го погледне, со поглед од кој гори срцето.

Светиот Отец со тоа порача, колку Исус повеќе го допира центарот на нашиот живот, толку повеќе нè изведува од нас самите и нè приближува до другите. Овој динамизам на љубовта – продолжи папата Фрањо – е како срцевиот ритам „систол и дијастол“, се концентрира за да се сретне со Господ, и веднаш се отвора, излегувајќи од себе заради љубовта, за да сведочи, зборува и проповеда за Исус и за Исус.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот