На средбата со учесниците на 59. Генерално собрание на Монашкото општество за грижа на болните (Камилијанци), Папата ги охрабри да го продолжат посланието и да ги преземаат на себе раните и вознемиреностите на најзагрозените браќа и сестри. На собранието исто така е избран нов генерал на Редот, отец Педро Трамонтин од провинцијата на Соединетите Американски Држави.
Црквата, која сака да им понуди на луѓето добра „полска болница“ каде што ранетите ќе можат да се сретнат и да ја почувствуваат близината и нежноста Христова, не може без милосрдната харизма на свети Камило де Лелиса, која ја живеат неговите синови од Друштвото за грижа на болните, познати и како Камилијанци. Папата го истакна ова на средбата со учесниците на нивното 59. Генерално собрание на Редот, повикувајќи ги да го направат присутно пророштвото на нивното општество кое нè поттикнува да го носиме товарот на другите, раните и грижите на нашите најзагрозени браќа и сестри .
Откако го поздрави новиот генерал на Редот, Папата се осврна на избраната тема на собранието кое се фокусира на прашањето: „Кое е камилијанското пророштвото денес?“
Делегатите од сите провинции во светот се посветуваат за да пронајдат нови начини за евангелизација и близина и со динамична верност да е оствари харизмата на Камилијаните, преку која се ставаат во служба на болните.
Ватикан њуз/к.мк