На 1 јуни 2020 година папата Фрањо го именува италијанскиот надбискуп Џовани д’Аниело (65) за свој нов пратеник во Руската Федерација, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Монс. Џовани д’Аниело во дипломатската служба на Светиот Престол стапил во 1983 година, меѓу другото служел во Апостолските нунцијатури во Конго и Мјанмар, во Државниот секретаријат поминал подолго време и бил задолжен за Блискиот Исток, а новото именување го затече како апостолски нунциј во Бразил.
Светиот Престол и Руската Федерација веќе десет години имаат полни дипломатски односи и покрај тоа што Папа никогаш ја нема посетено Русија, за време на понтификатот на папата Фрањо дојде до подобрување на односите помеѓу Католичката црква и Руската православна црква.
Ватикан њуз/к.мк