Папата Фрањо, „поклоник“ на плоштадот Рибне во Братислава, каде што стои спомен обележјето на Холокаустот. Зборот на Светиот Отец беше крик на болка поради ужасите извршени врз илјадници словачки Евреи: „Да се потрудиме да не ја извалкаме Божјата слика во човечкото битие“. Папата посака: „меѓу многуте несогласувања што го осквернуваат светот, секогаш бидете сведоци на мирот“.
Папата Фрањо беше пречекан пред Спомен обележјето на плоштадот од претседателот на Централната унија на еврејските верски заедници во Република Словачка, г -дин Ричард Дударев.
Веднаш до плоштадот Рибне во близина на катедралата Свети Мартин беше и синагогата Неолог, која е разрушена во 1969 година од страна на комунистичката власт, заедно со целото гето, за да се направи место за мостот на Словачката народното востание, исто така познат како Новиот мост.
„Тука, рече папата Фрањо, имаше синагога веднаш до катедралата за крунисување. Архитектурата, како што беше кажано, го изразуваше мирниот соживот меѓу двете заедници, редок и многу возбудлив симбол, прекрасен знак за единство во името на Бог на нашите татковци.“
Тука и јас чувствувам потреба, како и многумина од нив, да ги „соблечам сандалите“, бидејќи се наоѓам на место благословено од братството на луѓето во името на Севишниот.
„Божјето име е извалкано, во лудило на омраза„ – истакна Папата:Тука, соочувајќи се со историјата на еврејскиот народ, обележана со оваа трагична и неискажлива навреда, се срамиме да го признаеме ова: колку пати неискажливото име на Севишниот се користи за неискажливи нечовечки дела! Колку угнетувачи рекоа: „Бог е со нас“; но тие не се со Бога. Папата додаде: Ова е за нас време кога образот Божји, што свети во човекот, повеќе не може да се затемни. Ајде да си помогнеме во тоа. Затоа што и денес не недостасуваат суетни и лажни идоли, кои го осквернуваат името на Севишниот. Тие се моќта и парите што преовладуваат над човечкото достоинство, рамнодушноста што го свртува погледот во друг правец, манипулациите што ја користат религијата за да ја сведат на прашање на супериорност или да ја направат ирелевантна. И, гледајќи кон иднината, Светиот Отец додаде: „Тоа не беше така. Тука, заедно, ја потврдуваме пред Бога волјата да продолжиме по патот на зближување и пријателство.
Светиот Отец ја повика Комисијата за дијалог со Католичката црква: „Добро е да се продолжи, во вистината и искрено, на братскиот пат за прочистување на сеќавањето, со цел да се залечат раните од минатото, како и во споменот на примено и направеното добро“.
На светот му се потребни отворени врати, заврши Папата: Ви благодарам за вратите што ги отворивте од двете страни. Тука, на оваа словачка земја, земја на средби помеѓу исток и запад, помеѓу север и југ, семејството на синовите на Израел нека продолжи да го негува овој повик, повикот да биде благословен знак за сите семејства на земјата. Благословот на Севишниот паѓа врз нас кога гледа семејство на браќа што го почитуваат, сакаат и соработуваат. Семоќниот нека ве благослови, така што, меѓу многуте несогласувања што го валкаат нашиот свет, секогаш, заедно, да бидете сведоци на мирот. Шалом!
На крајот папата Фрањо запали свеќа и ја послуша молитвата и песната пред споменикот на Холокаустот.
Ватикан њуз/к.мк