Папата изрази сочувство за смртта на Хрисостом II

Папата изрази сочувство за смртта на Хрисостом II

Светиот Отец ги истакна напорите на покојниот поглавар на Кипарската православна црква насочени кон поддршка за помирување.

За време на Генералната аудиенција во среда, 9 ноември 2022 година, папата Фрањо се приклучи на тагата на кипарскиот народ, кој тагува за преминувањето во вечноста на Поглаварот на Кипарската православна црква, Неговото Блаженство Хрисостом II. Неговото срце по долго боледување престана да чука во мугрите на 7 ноември, на 81 годишна возраст. Во декември минатата година, тој беше домаќин на папата Фрањо за време на неговата Апостолска посета на Кипар. Сеќавајќи се на него, римскиот бискуп рече:

„Тој беше далекувиден пастир, човек на дијалог и човек кој го сакаше мирот, кој се обидуваше да промовира помирување меѓу различните заедници во земјата. Со чувство на благодарност, се присетувам на братските средби што ги одржавме заедно на Кипар за време на мојата посета минатата година“.

Исто така, потсетуваме дека во јуни 2007 година Неговото Блаженство Хризостомус II го посети Ватикан, каде што се сретна со папата Бенедикт XVI, кого го прими во Никозија во јуни 2010 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот