Папата изрази сочувство за жртвите во Канада

Светиот Отец изрази длабоко сочуство поради бројните жртви во пожарот кој се случи во ноќта 23 јануари во домот за стари лица во местото Лил Верти во канадската покраина Квибек. Во пораката која е потпишана од Државниот секретар архиепископот Пиетро Паролин, упатена до архиепископот Пјер Андре Фурние, папата Фрањо се соединува во молитвите и во болките на семејствата кои се погодени од несреќата, а жртвите ги доверува на Божјото милосрдие, да ги прими во своето светло.

Овен тоа, Папата ја изразува својата духовна близина со ранетите и нивните семејства, како и со пожарникарите и сите кои помогнаа во овој голем зафат на солидарност, кој беше отежнат од временските услови. Во знак на утеха, на крајот Светиот Отец им поделува апостолски благослов на сите оние кои се погодени од трагедијата.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот