Папата изрази загриженост за насилството во Светата Земја
После свечена Миса на канонизација, во недела 18 октомври 2015 година пред молитвата Ангел Господов, Светиот Отец истакна дека со голема загриженост ја следи ситуацијата на голема тензија и насилство која ја погодува Светата Земја, порачувајќи дека во овој момент е потребно многу храброст и разумна сила за да се каже НЕ на омразата и осветата и да се промовира гестот на мирот. Го молиме Бог на сите – и на оние кои владеат и на граѓаните – да им ја зајакне храброста за да се спортистават на насилството и да преземат конкретни чекори за да се намали тензијата. Во сегашниот контекст за Блискиот Исток важно е да се постигне мир во Светата Земја: тоа од нас го бара Бог; тоа од нас го бара благосостојбата на човештвото – рече Светиот Отец.
На крајот на славењето, Папата ги поздрави сите кои дојдоа да им оддадат почит на новопрогласените светци, Луј и Зели Мартен, родителите ена светат Тереза од Детето Исуса на посебен начин ги поздрави официјалните делегации на Италија, Шпанија и Франција. На крајот Светиот Отец ги повика верниците со синовска и ќеркинска љубов, со молитва да се обратат кон Дева Марија и на крајот го подели својот апостолски благослов.
РВ/Б.Р.