Папата заблагодари на Богородица за посетата во Јужна Америка
Веднаш по пристигнувањето на римскиот аеродром Чампино, во понеделник 13 јули околу пладне, папата Фрањо се упати кон базиликата Света Марија Велика, за да се помоли пред иконата „Салус попули романи” (Спасението на римскиот народ) и да се заблагодари за заштитата, побарана од Пресветата Девица на 4 јули пред да отпатува на својата јужноамериканска пасторална псосета. Овој гест папата Фрањо го повторува секој пат пред и по некое апостолско патување. Еден «знак на верата» на «Божјиот народ» во Рим, кој низ вековите, во најтешки моменти, се свртува кон оваа икона за да побара помош, заштита и спас од Божјата Мајка.
Категорија:
Ватикан