Папата: За да се излечи светот од насилство, потребни ни се способни лидери вдахновени со братска љубов

Папата: За да се излечи светот од насилство, потребни ни се способни лидери вдахновени со братска љубов

Папата Фрањо ги охрабри учесниците на средбата на Меѓународната мрежа на католички законодавци да работат за поправеден, побратски и мирен свет преку законодавни процеси кои ја промовираат благосостојбата на сите и ги решаваат ситуациите на нееднаквост во општеството.

Поздравувајќи ги присутните, папата Фрањо им се заблагодари на кардиналот Кристоф Шенборн и д-р Алтинг фон Геусау за нивните воведни зборови и го поздрави Игнатиј Афрем II, патријархот на Сириската православна црква.

Истакнувајќи ги трите клучни зборови – правда, братство и мир – Папата рече дека се надева дека можат да помогнат во нивните дискусии во наредните денови. Средбата на Меѓународната мрежа на католички законодавци е фокусиран на темата за промовирање на правдата и мирот во актуелната геополитичка ситуација, обележана со конфликти и поделби кои зафаќаат многу области во светот.

Правда

Светиот Отец го дефинираше поимот „правда“ како волја на секој човек да му се даде она што му припаѓа. Според библиската традиција, таа вклучува и конкретни активности насочени кон негување на правилни односи со Бога и со другите, за да може да процвета доброто на поединците и на заедницата.

Во денешниот свет, многу луѓе бараат правда, особено најранливите кои често немаат глас, кои бараат од граѓанските и политичките власти да ги заштитат нивните основни човекови права преку ефективна политика и законодавство, потсети Светиот Отец.

„Вашиот предизвик е да работите на зачувување и подобрување на оние коректни односи во јавната сфера кои овозможуваат секој човек да биде третиран со почит и љубов што му припаѓа.“

Папата посебно се осврна на сиромашните, мигрантите и бегалците, болните и старите лица, жртвите на трговија со луѓе и оние кои се изложени на опасноста да бидат експлоатирани или отфрлени поради денешната култура на отфрлање.

Братство

Праведно општество не може да постои без врската на братството – без чувство на заедничка одговорност и грижа за интегрален развој и благосостојба на секој член на нашето човечко семејство, истакна понатаму папата Фрањо. Поради оваа причина, глобалната заедница на братство заснована на практиката на социјално пријателство бара подобар вид на политика, политика која навистина е во служба на општото добро.

„Ако сакаме да го излечиме светот од ривалствоти насилство што произлегуваат од желбата за доминација, а не за служење, не ни требаат само одговорни граѓани, туку и способни лидери вдахновени со братска љубов насочена особено кон оние со најнесигурни услови за живот. “

Во таа насока, Светиот Отец поттикна постојани напори на национално и меѓународно ниво да се работи на усвојување на политики и закони кои се обидуваат да ги решат, во дух на солидарност, многуте ситуации на нееднаквост и неправда кои го загрозуваат општественото ткиво и вроденото достоинството на сите луѓе.

Братство

Папата Фрањо потоа додаде дека напорот за градење на нашата заедничка иднина бара постојана потрага по мир. Мирот, рече тој, не е само отсуство на војна, туку патот до траен мир бара соработка, особено на оние кои имаат поголема одговорност, во остварувањето на целите кои се од корист за сите.

Понатаму објасни дека мирот доаѓа од постојаната посветеност на меѓусебниот дијалог, трпеливото барање на вистината и подготвеноста да се стави автентичното добро на заедницата пред личната корист. За да се постигне ова, Папата ја истакна важноста на законодавците и политичките лидери, истакнувајќи дека вистинскиот мир може да се постигне само преку далекувидни политички процеси и законодавство за да се изгради општествен поредок заснован на универзално братство и правда за сите.

На крајот, Светиот Отец молеше Господ да им овозможи на католичките законодавци да станат квасец за обновување на граѓанскиот и политичкиот живот и сведоци на политичката љубов кон оние на кои им е најпотребна. Молеше за нивната ревност за правда и мир, хранета со духот на братска солидарност, да продолжи да ги води во благородната потрага за придонес во напредокот кон Божјото царство во нашиот свет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот