Папата за 100 годишнината од „Денот на Католиците“

Со видеопораката на папата Фрањо, од 25 мај во Лајпциг започнаа свеченостите по повод 100 годишнината на „Денот на германските католици“ (Католикентаг). Мотото на ова стото издание е „Еве го човекот“, а прославата завршува на 29 мај.

Драги браќа и сестри, од сѐ срце ги поздравувам сите кои учествуваат во прославата на 100 годишнината на Денот на католиците во Германија – вели Папата на германски јазик, чии зборови беа примени со бурни овации од учесниците. Среќен сум за вашето многубројно учество со кое сакате да им се прикаже на мажите и жените во Лајпциг и цела Германија дека ја живеете радоста на Евангелието. Вие имате добри односи со христијаните од другите цркви, а преку вашите конкретни иницијативи во корист на најслабите и сиромашните давате вистинско сведоштво за Христос“.

„Она што е важно не е делувањето или надворешниот успех, туку вештината да се застане и да се обрне внимание на другиот, нудејќи му го она од што навистина има потреба“, истакна Папата. Мотото оваа година на „Денот на германските католици“, организиран од Централниот комитет на германските католици и кој се одржува на секои две години, е: „Еве го човекот“. Мотото, вели папата Фрањо во пораката, покажува на многу убав начин она што навистина е важно: „Секој човек има потреба од мир и од мирен соживот, но тоа може да се постигне само ако се стремиме кон внатрешниот мир на нашето срце – вели Папата во видео пораката.

Не само она што се гледа дека се прави, или видливот успех има значење, туку способноста да се застане, да се задржеме за миг, да бидеме внимателни кон другиот, да му го предложиме она што навистина му недостасува.“

„Многу луѓе живеат во постојано брзање со што уништуваат сѐ што ги опкружува. Неопходно е токму спротивното, да посветат повеќе време за враќање на хармонијата со светот, преку молитвата, додавајќи повеќе „семејност“ со Создателот “. „Оваа семејност со Бог го потхранува нашето милосрдие. Како сака Отецот, така сакаат и децата. Како што Тој е милостив, така и ние сме повикани да бидеме милостиви едни кон други“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот