Папата жали за убиениот свештеник во Либан и се моли за мир на Блискиот Исток

Папата жали за убиениот свештеник во Либан и се моли за мир на Блискиот Исток

Папата Лав XIV жали за покојниот либански свештеник, отец Пјер Ел-Рахи, кој загина во текот на конфликтот на Блискиот Исток, изразувајќи близина со либанскиот народ и повикувајќи на молитва за многуте невини жртви на војната.

„Да продолжиме да се молиме за мир во Иран и на целиот Блиски Исток, особено за многуте цивилни жртви, меѓу кои и многу невини деца. Нека нашата молитва биде утеха за оние што страдаат и семе на надеж за иднината.“

Со овој апел папата Лав XIV се обрати на Генералната аудиенција во Ватикан, во среда 11 март 2026 година, потсетувајќи дека денесво Клаја, Либан, е погребот на отец Пјер Ел-Рахи.

Папата потсети дека отец Ел-Рахи бил маронитски парох во едно од христијанските села во јужен Либан, кои, како што рече, „во овие денови повторно ја доживуваат трагедијата на војната“.

„Во овој тежок миг на искушение, јас сум близу до целиот либански народ“, нагласи тој.

Според извештаи на либанските медиуми, свештеникот загинал во понеделникот во Клаја, додека настојувал да им помогне на парохјаните.

Папата напомена дека на арапски јазик презимето Ел-Рахи значи „пастир“.

„Отец Пјер“, рече тој, „беше вистински пастир, кој секогаш остана покрај својот народ со љубовта и жртвата на Исус, Добриот Пастир.“

Папата потсети дека, штом слушнал дека има повредени парохјани, без двоумење притрчал да им помогне.

„Нека Господ даде крвта што ја пролеа,“ се помоли папата Лав, „да биде семе на мир за саканиот Либан.“

Во понеделникот, Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави соопштение во кое се истакнува дека папата Лав XIV се моли за прекин на непријателствата на Блискиот Исток. Папата ја изрази својата тага за многуте невини луѓе што ги загубија животите, меѓу кои и деца, како и за оние што им помагаат, посебно спомнувајќи го отец Ел-Рахи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот