Бјанка Сена Лали, внука на легендарниот бразилски возач на формула 1 Аиритон Сена, во среда 17 април 2019 година на Генералната аудиенција на плоштадот Свете Петар му подари на папата Фрањо оргинална кацига од трикратнот светски шампион во Формула 1.
Сена беше голем верник. На неговиот гроб пишува: „Ништо не може да ме раздели од љубовта Божја“. Легендарниот возач на формула 1 загина на 1 мај 1994 година во Имола за време на трката за Големата награда на Сан Марино.
Ватикан њуз/к.мк