Папата Фрањо на 23 септември 2017 година ги прими учесниците на Генералниот капитул на Цистеријанскиот ред на строго служење.
Вашите манастири и понатаму се привилигирани места каде може да се пронајде вистинскиот мир и вистинската среќа, кои може да ги даде само Бог, нашето сигурно засолниште – рече папата Фрањо за време на средбата со учесниците на Генералниот капитул на редот на цистерцијаните на строго служење, католичка монашка заедница чии членови во народот се познати под името траписти, а кои ги каректеризира голема животна трезвеност. Во современиот свет манастирот и заедниците, како тие на трапистите се богатство во светот кој е исполнет со погрешни вредности и вештачки рај – рече Светиот Отец.
Папата во својот говор го претстави разноликиот портрет на цистерцијанскиот свет. Тивки манастири од кои постојано се воздигнува молитва за Црквата и светот; монашки заедници кои претставуваат духовно богатство и постојано упатуваат на тоа дека најпрво и секогаш се бара Бог; контемплативен живот кој е обележан со неуморна молитва. Откако ги поттикна да дадат голема важност на размислувањето за Божјото Слово, посебно на молитвата lectio divina, Папата ги потсети присутните – да се биде контемплативен бара верност и упорност на патот. Станува збор за тоа да не бидеме „професионалци“ во негативна смисла, туку заљубеници во молитвата, сметајќи ги надворешната верност на практиката и нормите на манастирот не како цел, туку како средство за напредок во личниот однос со Бог.
Бог се покажува во вашата лична осаменост внатре во заедницата – рече папата Фрањо. Вие сте сами и одвоени од светот за да го пронајдете патот кон Бог. Истовремено сте повикани да го споделите своето духовно искуство со своите браќа и сестри. Тоа бара постојана рамнотежа меѓу личната контемплација, поврзаноста со литургијата на Црквата и прифаќањето на оние кои бараат место и момент за тишина за да се сретнат со Бог – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк