Слушајте го секогаш Светиот Дух – рече папата Фрањо на богословите и свештениците студенти во Папските црковни заводи во Рим, со кои се сретна во салата Павле VI во Ватикан на 16 март 2018 година. По поздравот од кардинал Венјамин Стела, префект на Конгрегацијата за клер, започна разговор со папата Фрањо, кој одговори на пет прашања кои се однесуваа на формацијата и свештеничката духовност. Светиот Отец даде многу упатства и појдовни точки, а беа пристуни и неговите шеги.
Свештениците се секогаш во движење и во став на слушање
Првото прашање го постави еден француски богослов, како претставник на богословите од цела Европа. Го праша Папата како да се спои свештеничката служба со чувството на понизност, бидејќи се ученици и мисонери. Свештеникот треба да биде човек кој постојано е во движење, човек кој слуша и кој никогаш не е сам; во својата понизност треба да се прифати дека е придружуван – рече Светиот Отец.
Важно е расудувањето
Потоа многу е важно – според зборовите на Папата – расудувањето, за да се сфати како да се оди напред, односно што е добро, а што не е добро. Тоа папата Фрањо го објасни, одговарајќи на второто прашање, кое го прочита еден богослов од Судан. Постојат два услова за вистинско расудување: треба да се расудува преку молитва, пред Бог и споредувајќи се со другите, кои се способни водачи за слушање и давање упаства.
Кога во свештеничкиот живот нема расудување, владее крутост и казуистика и нема способност за напредување – напомена Светиот Отец. Сѐ останува затворено, Светиот Дух не делува. Поради тоа Папата ги советува свештениците да го земат Светиот Дух како нивен сопатник во чекорењето, и рече дека често постои страв од Светиот Дух, сака да го затвори.
Човечка формација за свештениците
На прашање од еден свештеник од Мексико, кој во име на сите кои доаѓаат од Латинска Америка го праша Папата како може да се зачува целосниот склад на свештеникот за време на целиот негов живот. Папата ја истакна важноста за човечка формација на свештеникот. Треба да бидеме нормални личности, човечки, способни да се радуваме со другите, да се насмееме, во тишина да го слушаме болниот, да го утешиме и да го помилуваме. Треба да бидеме татковци, треба да бидеме плодни, животот да го даруваме за другите. Свештеници татковци, а не службеници на светото или пак Божји вработени – истакна Папата.
Духовноста на епархискиот свештеник
Ѓакон од Соединетите Американски Држави го праша Папата кои се карактеристиките на духовноста на епархискиот свештеник, кои не се потпира на науката на некој основач на монашка заедница. Папата му одоговри дека свештеникот треба да негува однос со сопствениот епископ, па дури тој и да е тешка личност, како и со браќата свештеници и парохијани, кои се негови деца. Ако работите на овие три подрачја ќе бидете свети – напомена папата Фрањо.
Грижа за човечка формација
Последното прашања за постојана формација, го постави еден свештеник од Филипини. Одговарајќи на неговото прашање Папата препорача грижа за сопствената формација: човечка, пасторална, духовна и формација во заедницата. Тој истакна дека постојаната формација произлегува од свеста за сопствената слабост. Имено, важно е да се познаваат своите ограничувања. Освен тоа потопени во современата култура, треба да се прашаме како да се живее со виртуелната комуникација, како да се користи мобилниот, како да се подготвиме со соочување со искушенијата поврзани со заветот на чистота, која ќе се појави, и треба да се чува од горделивоста привлечноста од парите, моќта и удобноста.
РВ/к.мк