Папата до Паглија: Наведнете се над раните на човештвото

Папскиот институт Иван Павле II за проучување на бракот и семејството и Папската академија за живот „настојува на обновен начин околу продлабочувањето и ширењето на учителството да се соочи со предизвиците на современата култура“ – така папата Фрањо во своерачно потпишаното писмо ја дефинираше улогата на надбискупот Винченцо Паглија кој е именуван за голем канцелар на спомнатите институции.

„Како што е познато од Вториот ватикански собор до денес црковното научителство“ по прашањето за семејството и животот „опширно е развиено и продлабочено“ – рече Папата додавајќи: „Неодамнешната Синода за семејството со апостолскиот поттик Amoris laetitia дополнително ја проширија и продлабочија таа содржина.“ Посака „опкружувањето со размислувања да биде граница“ и во „теолошкото проучување никогаш да не изостане пасторалната перспектива и вниманието за раните на човештвото.“

По повод реформите во Римската курија – пишува Папата – ми изгледаше соодветно и институциите во служба на Светиот Престол со активности за проучување и формација за темите кои се однесуваат на бракот, семејството и животот да бидат обновени и понатаму да се развиваат за нивното дејствување и да бидат „секогаш сѐ појасно на хоризонтот на милосрдието.“

Како претседател на Папската академија за живот – пишува Папата до надбискупот Паглија – ве поттикнувам да се грижите за новите предизвици за вредноста на животот. Мислам на различните аспекти кои се однесуваат на грижата за достоинството на човечката личност во разните животни периоди, меѓугенерациско почитување, заштита на достоинството на секое поединечно човечко битие, промовирање на квалитетите на човечкиот живот кои ги обединува материјалните и духовните вредности, во перспектива на веродостојна „хумана екологија“ која помага да се пронајде изворната хармонија во создаденото помеѓу човечките личности и целата вселена.

Во тој поглед – продолжи Светиот Отец – ќе биде „корисно да се промовираат плодни односи помеѓу Академијата и институтот Иван Павле II.“ Го поттикнува монс. Паглија на „срдечен дијалог“ и соработка со другите научни институции и академски центри „и на екуменско или меѓурелигиското подрачје.“

„Наведнете се над човечките рани за да се разберат, повијат и лекуваат е задача на Црквата која се доверува во светлината и силата на воскреснатиот Христос која може да се соочи со подрачјата на напнатост и конфликти како „полска болница“ која живее, навестува и го извршува посланието за спасување и лекување токму таму каде што животот на поединецот е најзагрозен со новите култури на конкуренција и отфрлање“ – рече папата Фрањо.

На крајот ја истакна поврзаноста на Академијата за живот и институот Иван Павле II со новооснованата Дикастерија за лаици, семејство и живот. На монс. Паглија му посака плодна работа во науката, културното истражување и академската формација во согласност со активностите на разните тела на Римската курија.

РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот