Папата до новинарите за важноста и влијанието на новинарската професија

На 22 септември 2016 година во Ватикан Светиот Отец одржа посебна аудиенција за 400 членови на Националниот совет на професионалното здружение на италијанските новинари (Ordine dei Giornalisti).

Во својот говор до присутните новинари, Папата ја истакна важноста и влијанието на новинарската професија, зборувајќи за длабоките принципи кои го одредуваат тој повик.

Осврнувајќи се на неопходноста за размислување за своите постапки, Папата истакна три аспекти на новинарската професија преку кои новинарството може да помогне во подобрувањето на општеството, тоа се љубовта кон вистината, професионалноста и почитувањето на човечкото достоинство.

Во љубовта кон вистината се покажува и потребата и тежината на новинарскиот повик – Папата го нарекува и мисија: „да пријдеш што поблиску до вистинските факти и да не кажеш и да не го напишеш никогаш она за што по совест се знае дека не е вистина.“ „Не се работи за тоа сака ли некој „да биде или да не биде верник“, туку се работи за тоа дали сака „да биде или да не биде чесен кон себе и кон другите.“ Срцето на секоја комуникација е однос. Ова повеќе важи за оние на кои комуникацијата им е работа. Ниту еден однос не може да опстане, ниту да трае ако се потпира на нечесност.“

Допирајќи ја темата за професинализмот, Папата повика на длабоко сфаќање и лична интериоризација на смислата на новинарската професија. Посветеноста на професијата мора да оди подалеку од почитувањето на етичкиот професионален кодекс: „од каде што произлегува потребата сопствената професија да не се подложи на туѓи интереси без разлика дали се економски или политички. Задачата на новинарството, се осудувам да кажам, неговиот повик е – по пат на грижлива потрага за вистината да се негува растот на опшествената димензија на човекот, да се помага во градењето на вистинско граѓанско општество.“

Третата точка е почитување на човечкото достоинство: „Често зборувам за озборувањето како за вид на тероризам, за тоа како човекот може да се убие со јазикот. Ако важи за поединци, во семејството или на работа ова повеќе важи за новинарите затоа што нивниот глас може да допре до сите како моќно оружје. Новинарството мора секогаш да го почитува достоинството на човекот. Статијата објавена денес утре ќе биде заменета со друга, но животот на неправедно наклеветениот човек може да биде засекогаш уништен. Критиката е легитимна како и претставувањето на злото, но секогаш почитувајќи го другиот, неговиот живот и неговите чувства. Новинарството не смее да стане уништувачко оружје против луѓето и народите. Не смее да храни страв пред промените и појавите како што се присилната миграција и гладот“, рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот